Connect with us

Македонија

Според вчерашниот извештај починати се 30 пациенти од Ковид -19, двајца од Радовиш

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19. Најголем број повторно во Скопје 530. Во општините во Југоистокот најголем број нови случаи се регистрирани во Струмица 23, потоа следува Радовиш 7, Гевгелија 3 и Валандово 2.

Во останатите градови во земјава во Куманово 30, Дебар 3, Штип 15, Прилеп 38, Тетово 54, Струга 18, Велес 22, Битола 43, Охрид 43, Кавадарци 8, Гостивар 25, Крива Паланка 4, Крушево 2, Кочани 3, Пробиштип 8, Демир Хисар 4, Македонски Брод 5, Пехчево 1, Берово 2, Виница 1-Делчево 5-Кратово 4-Свети Николе 8-Кичево 25-Ресен 8 и Неготино 3.

Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од:-Скопје 301-Куманово 45-Штип 13-Прилеп 34-Тетово 51-Струга 4-Велес 29-Битола 16-Охрид 24-Кавадарци 23-Гостивар 20-Гевгелија 13-Струмица 40-Крива Паланка 8-Радовиш 8-Крушево 1-Кочани 13-Пробиштип 8-Македонски Брод 1-Берово 4-Валандово 2-Виница 4-Кратово 5-Свети Николе 5-Кичево 11-Ресен 7-Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 275.934 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41222, бројката на оздравени пациенти е 24920, на починати е 1186, а бројот на активни случаи изнесува 15116.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 18060, активни 7037
• Куманово 2730, активни 660
• Дебар 386, активни 75
• Штип 1979, активни 419
• Прилеп 1852, активни 762
• Тетово 2837, активни 926
• Струга 958, активни 193
• Велес 1211, активни 672
• Битола 1097, активни 544
• Охрид 1002, активни 410
• Кавадарци 752, активни 339
• Гостивар 1528, активни 430
• Гевгелија 495, активни 199 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1244, активни 625
• Крива Паланка 297, активни 92
• Радовиш 316, активни 118
• Крушево 49, активни 24
• Кочани 905, активни 278
• Пробиштип 271, активни 96
• Демир Хисар 117, активни 45
• Македонски Брод 119, активни 17
• Пехчево 64, активни 5
• Берово 258, активни 73
• Валандово 122, активни 35
• Виница 239, активни 116
• Делчево 327, активни 170 (86 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 101, активни 61
• Свети Николе 561, активни 125
• Кичево 784, активни 311
• Ресен 300, активни 93
• Неготино 261, активни 166 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Болничките капацитети во Струмица и во Куманово се исполнети.

Македонија

Министерот Спасовски од денеска се врати на работа

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се излекува од коронавирусот, од денеска се врати на работното место. Тој на својот ФБ профил се заблагодари до сите вработени на Инфективната клиника, но и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, напиша Спасовски.

Спасовски додава дека за денеска закажал Управувачки комитет во 14 часот за да го разгледаат Акцискиот План којшто го подготви Главниот штаб, а во којшто ќе бидат наведени сите активности коишто ќе бидат преземени.

Continue Reading

Македонија

За само два дена 2300 нови случаи на Ковид-19, а починати 49 лица, граѓаните загрижени

Media Press

Published

on

Ако на почетокот на појавата на корона вирусот граѓаните ги фаќаше паника кога министерот за здравство Венко Филипче најавуваше, дека влегуваме во втората ваза од епидемијата и дека според прогнозите пикот на болеста ќе биде крајот на април, кога се очекуваат вкупно до 2000 пацинети, во овој период се регистрирани 2300 пацинети само за два дена. Болничките капацитети се полни, здравствените работници изморени, па одтука се поставува прашањето дали болеста излегува од контрола и дали 30-ет дневната кризна состојба во државата, ќе донесе резултати.

Граѓаните речиси сите со заштитна маска на лицето се повеќе исплашени и испаничени.

Инаку во последните 24 часа се регистрирани 1112 нови случаи на ковид-19. Во југоистокот најмногу во Струмица 35, во Гевгелија 19 во Радовиш 6 и Валандово 12.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Најстариот пацинет кој починал бил 89 години а најмладиот 40.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од кои во Гевгелија 6 -Струмица 14 -Радовиш 6 и Валандово 3.

Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Continue Reading

Македонија

Здравствените работници со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките

Media Press

Published

on

Здравствените работници кои изминативе месеци се во првите борбени редови во справувањето со пандемијата со видео порака упатија апел до грѓаните да ги почитуваат мерките со цел да се заштитат, а со тоа и да помогнат на здравствените работници.

„Да ги почитуваме мерките и да им помогнеме. Да си помогнеме и себеси и на нашите најблиски“, напоша министерот Венко Филипче, по повод апелот.

Continue Reading