Connect with us

Македонија

Во последното деноноќие починале 32 лица од Ковид-19, од кои 2 лица од Радовиш

Avatar

Published

на

Две лица од Радовиш и две од Струмица се дел од вчерашната статистика на починати лица од Ковид- 19, во која се евидентирани вкупно 32 починати лица.

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95-Куманово 10-Штип 12-Прилеп 27-Тетово 11-Струга 1-Велес 30-Битола 34-Охрид 1-Кавадарци 7-Гостивар 41-Гевгелија 7-Струмица 7-Крива Паланка 3-Радовиш 10-Крушево 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Берово 3-Валандово 1-Виница 3-Делчево 1-Кратово 1-Свети Николе 6-Кичево 14-Ресен 2-Неготино 6.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од:-Скопје 235-Штип 42-Прилеп 72-Тетово 26-Струга 1-Велес 54-Кавадарци 21-Гевгелија 10-Крива Паланка 6-Радовиш 4-Крушево 1-Кочани 25-Пробиштип 2-Пехчево 1-Берово 9-Виница 2-Делчево 10-Кратово 2-Свети Николе 7 -Неготино 14Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе