Connect with us

Економија

Рокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка се продолжува поради преоптоварување на системот на УЈП

Media Press

Published

на

Уд управата за јавни приходи известуваат дека рокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка се продолжува до 12 ноември 2020 година.

Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, и Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец.

Поради подоцнежна објава во Службен весник на РСМ на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година.

Економија

Растат трошоците за живот, две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница

Media Press

Published

на

Растат трошоците за живот, за 3 отсто повисоки од лани во истиот период.

Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.

Синдикална кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, Облека и обувки за 1% и Хигиена за 1,1% па поради тоа, вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2021 година изнесува 33.976,00денари.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше Минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари.

Прочитај повеќе

Економија

Субвенции за вградување на плински уред во возилата

Media Press

Published

на

Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.

Сите граѓани кои што од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.

„За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на течен гас -ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција .

Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство. 

Потребна документација за пријавување на Јавниот повик во Архивата на Министерството за економија; пополнето Барање и изјава од подносителот на барањето; фискална сметка со сметкопотврда, или фактура; копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената; фотокопија од лична карта; број на трансакциска сметка

За оваа мерка од Буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари.

Прочитај повеќе

Економија

Од ноќеска нови цени на горивата

Media Press

Published

на

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

Прочитај повеќе