Connect with us

Економија

Околу 300.000 граѓани ќе добијат финансиска поддршка од 6.000 денари, Владата го усвои предлог-законот

Avatar

Published

на

Владата го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на пензионерите, самохраните родители, децата без родители, уметниците и ученици и студенти. Со 26 милиони евра ќе се поддржат повеќе категории на граѓани кои ќе добијат финансиска поддршка од 6.000 денари.

Со мерката #ФинансискаПоддршкаЗаРанливитеКатегории ќе се опфатат околу 300.000 граѓани, но истовремено ќе се пружи поддршка и за домашните фирми, преку купување домашни производи.

Мерката, која е дел од четвртиот сет на мерки ќе придонесе за: поддршка на ранливи категории граѓани, поддршка на економската активност i создавање на свест за купување домашни производи, објави Министерството за финасии.

Финансиската поддршка се однесува на пасивните баратели на работа, корисниците на пензија во висина до 15.000 денари, самохрани родители, уметници ангажирани од правно лице регистрирано за дејност од областа на културата, филмски работници кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм и естрадни уметници членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

Сите овие категории граѓани треба да се евидентирани во надлежните институции заклучно 27 септември 2020, со нето-доход од јануари до август 2020 не повисок од 120.000 денари. Исто така, се однесува на корисници на социјална сигурност за стари лица за граѓани со над 65 години евидентирани во центрите за социјална работа, млади лица од 16 години до 29 години активни учесници во формалното средно образование и високото образование (кои не добиле домашна платежна картичка и дeца без родители и родителска грижа.

Инаку како што наведуваат од Министерството, граѓаните не аплицираат за мерката, туку листи со корисниците прават Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјала и Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе