Connect with us

Радовиш

Конечно Радовиш добива уште еден нотар

Media Press

Published

on

Никола Камчев попознат како Нино, кој досега работеше како адвокат е  именуван за втор нотар во Радовиш со решение на министерот врз основа на конкурс за именување на нотари  кој го распиша министерството, а го спроведе Комората . Наскоро ќе се дознае и на која локација ќе работи новиот нотар.

Инаку Радовиш беше без нотар околу 2 години, поточно од Јануари 2018 година, по пензионирањето на нотарот  Јован Стојчев. Од тогаш граѓаните од општините Радовиш и Конче, основните нотарски услуги ги извршуваа во  Струмица, се до ноември 2019 кога беше избран првиот нотар,  а од вчера е избран и вториот нотар Никола Камчев, кој наскоро започнува со работа.

Инаку според законот на подрачјето на Основниот суд ако има до 20.000 жители според последниот службен попис, треба да има најмалку  еден нотар. Во општина Радовиш со околу 15-тина населени маста, има  околу 28 илјади жители, што значи има услови за работа на двајца нотари. 

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

12 години од големата поплава која го зафати Радовиш и која однесе еден човечки живот

Media Press

Published

on

 Поплавени домови,  откорнати кровови и дрвја, настанати огромни материјални штети, однесен мостот на Река Сушица,  една жена го изгубо својот живот и еден исчезнат во Дедино  ова беше  епилогот од невремето кое го зафати Радовиш на денешен ден пред 12 години.  На 04 декември 2008 година,  по силниот пороен дожд кој траеше  половина час страшната радовишка река носеше  се пред себе а ги наполни и  улиците во градот со вода и кал. Радовишани по невремето со неверување за она што се случоло до доцна во ноќта ги чистеа поплавените домови, улици и продавници, од наталожената кал.

Радовиш денеска презема мерки за да не се повтори. Се гради речното корито на река Сушица, за да може да собере што поголемо количество на вода и да не се излева по булеварот. Главната цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природните катастрофи.  Токму река Сушица во невремето пред околу 12 години предизвика ужасна поплава со катастрофални последици во стопанскиот, и инфраструктурниот дел на Радовиш

Се реализира проект за  заштита од природни катастрофи од типот на лизгање на земјиште , поплави и пожари. Прокет кој го реализира јапонската агенција Џајка, во соработка со ЈП Национални шуми.  

 Проектот има за цел воведување одредени мерки и методи за подобрување на заштитните и општо корисно функции на шумите особено преку главните категории на функции како што се шуми со функции за одржување на обновливост на водните ресурси, функција за превенција на планински катастрфи, заштита на животната средина и  производство на дрва. Проектнита активности се реализираат јужните падини на планината Плачковица  на  фкупна  површина на шумско стопнската единица на шума и шумско земјиште е 8388 хектари од кое  под шума се 6256 хектари или  93 проценти.  

Continue Reading

Радовиш

Од денеска во Радовиш започнуваат 47 Меѓународни Караманови поетски средби

Media Press

Published

on

Од денеска во Радовиш започнуваат 47 Меѓународни Караманови поетски средби.

Свеченото отварање ќе биде во 12 часот во центарот за култура „Ацо Караманов“, со изложба на дела од Меѓународните ликови колонии Ацо Караманов и Свети Ѓеорги и со пригоден говор на Градоначалникот Герасим Конзулов. Поздравно обраќање ќе има и директорката на центарот за култура, Изабела Ангелова и претседателот на Карамановите средби, Борче Панов. По отворањето, средбите продолжуваат со поетски интервали за Ацо Шопов „ И можеби ти ќе дојдеш тогаш“ кои ќе ги читат Игор Чапов и Јовица Илиќ, а потоа ќе се одржи поетски мозаик со македонски и странски поети преку видео обраќања.

Денес ќе се одржи и промоција на првата антологија на „Караманови средби“ со наслов „Петтокалендарско време“ која ја приреди писателот Борче Панов од Радовиш, кој и ќе ја промовира. Марина Мијаковска и Венко Андоновски ќе ја промовираат книгата „Разден“ од Кристина Николовска, која ја доби наградата „Караманов 2020“ за најдобра необјавена книга од македонски автор.

Манифестацијата продолжува утре со промоција на поезијата на двајцата годинашни лауреати-Маи Ван Фан од Виетнам и Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија, кои се добитници на интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов 2020“. Нивните книги „Новогодишно бањање“ и „Зачуден барут“ ќе ги промовира Даниела Андоновска-Трајковска.

По промоцијата двајцата наградени поети ќе имаат видео обраќање. Поетската манифестација „Караманови средби“ завршува со тркалезна маса на тема „Младите и новите трендови во македонската книжевност“, промоција на Зборникот поезија од деца и младинци учесници на годинашната манифестација и со читање на наградените творби.

Организатори на Карамановите поетски средби се Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш и Организациониот одбор, а под покровителство на Општина Радовиш и Министерството за култура.

Карамановите поетски средби годинава се одржуваат во едно поинакво издание, согласно протоколите за заштита од Ковид -19.

Continue Reading

Радовиш

ВМРО – ДПМНЕ од протестот во Радовиш: Народот не може да се сопре, против народот никој не може

Media Press

Published

on

„Народот не може да се сопре, против народот никој не може. Заев погледни ова е Радовиш!“ Ова е пораката која беше испратена на протестот кој синоќа ОК на ВМРО -ДПМНЕ го одржа во Радовиш.

Протестот со автомобили започнаа од пред Спортската сала па се до центарот на градот и до општинската зграда.  Свое обраќање пред Општина Радовиш имаа новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов и пратеникот во Собрание од редовите на ВМРО ДПМНЕ Здравко Трајанов.

„Радовиш ја исцртува црвената линија. Нема право власта да разговара и да преговара за историјата, за идентитетот и за културата. Нема право бидејќи моќта власта  ја црпи од народот, а мора да и порачеме дека моќта од денес во Радовиш со исцртаната црвена линија е во народот и порачуваме дека нема народ веќе во Македонија со свиткана ќичма, рече новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов.

„Место да го решат спорот со Бугарија СДС и власта на Зоран Заев упорно работат на разнебитувањето на македонскиот народ. Не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за Македоснкиот јазик и за Македонската нација, не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за македонското малцинство во Бугарија, тоа е факт“, рече пратеникот во собранието Здравко Трајанов.

Continue Reading