Connect with us

Радовиш

Од денеска започна со работа новиот нотар на подрачјето на Основиот суд во Радовиш

Media Press

Објавено на

Граѓаните од Општините Радовиш и Конче  конечно ќе можат да ги завршат основните нотарски работи во Радовиш.

 Денеска свечено беше отворена новата нотарска канцеларија  на наовизбраниот нотар Љупче Јорданов, на старата локација каде што работеа и претходните двајца нотари, веднаш до Основниот суд во Радовиш.

 Љупче Јорданов кој досега работеше како адвокат, е  именуван за нотар со решение на министерот врз основа на конкурс за именување на нотари  кој го распиша министерот, а го спроведе Комората .

На денешното свечено отварање беа присутни повеќе гости, адвокати, правници вработени во бизнис секотрот и други гости.

Инаку Радовиш беше без нотар околу 2 години поточно од Јануари 2018 година, по пензионирањето на нотарот  Јован Стојчев. Од тогаш граѓаните од општините Радовиш и Конче, основните нотарски услуги ги извршуваа во  Струмица, за што беше задолжен нотарот  Јанко Милушев. Новиот нотар Љупче Јорданов беше избран пред неколку недели  и од денеска започнува со работа.

Инаку според законот  на подрачјето на Основниот суд ако има до 20.000 жители според последниот службен попис, треба да има најмалку  еден нотар. Во општина Радовиш со околу 15-тина населени маста, има  околу 28 илјади жители што значи има услови за уште еден нотар. 

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе