Connect with us

Македонија

(Видео) Митрески: Македонскиот јазик и идентитет се факт, нема потреба за тоа да расправа Комисија во Собранието

Media Press

Published

on

На новинарското прашање упатено до Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата дали СДСМ ќе учествува на Комисијата за надворешна политика која е ја закажана за во четврток

„Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и после завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог Дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе ја повторам истата. Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието“, рече пратеникот Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Презентиран буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука

Media Press

Published

on

Вкупниот буџет на Министерството за образование и наука за 2021 е 23,137 милијарди денари и претставува зголемување од 1.1 милијарда во споредба со минатата година. Најголемиот дел од средствата односно над 90% се насочени директно кон граѓаните, кон подобрување на образовниот систем и условите во кои што се одржува наставата.

„Наша основна цел е да создадеме образование кое им овозможува на секое дете да го достигне својот полн потенцијал. Образование преку кое ќе изградиме општество и свет каков што замислува секое дете и кое со гордост ќе го оставиме на идните генерации.“ – кажа Мила Царовска на прес конференцијата на која таа го презентираше буџетот на Министерството за образование и наука за 2021 година.

Околу една милијарда денари се издвојуваат за капитални инвестиции, зголемување за 154% од изминатата 2020 година. Со овие средства се овозможува поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици, студенти и наставен кадар. Се планира реконструкција на основни и средни училишта насекаде низ државата, реконструкција на студентските домови и изградба на спортски игралишта.

Continue Reading

Македонија

Меѓународен ден за борба против насилството врз жената: 16 дена активизам против родовото насилство

Media Press

Published

on

Денеска се одбележува Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените  и воедно почетокот на 16 дена на активизам против родовото насилство.

Од денеска 25 ноември започнува меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство. Кампањата за Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ќе трае до 10 декември, Денот на човековите права.

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека новиот закон против насилство врз жените и семејното насилство е позитивен чекор и дека институциите треба да се подготват за негова доследна примена.

„16 дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања што започнува на 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и трае до 10 декември, Денот на човековите права. Координирана од Центарот за женско глобално лидерство, кампањата се користи како стратегија за организирање на поединци и организации ширум светот, кои се активни на полето на спречување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Годинава, С Македонија го одбележува овој ден со наговестувањата за промени, кои треба да ги донесе новиот Закон против насилство врз жените и семејното насилство. Ние ќе инсистираме на негова целосна примена на терен, за да се спречат идни случаи на убиства на жени поради непостапување на полицијата, за да запре двојното малтретирање на жртвите во социјалните центри и судовите и за да им се даде целосна поддршка“ велат од Хелсиншки комитет.

Оттаму додаваат дека справувањето со пандемијата на Ковид-19 значеше и повлекување во домовите како превентивна мерка за заштита на јавното здравје.

„Со оглед на тоа што домот генерално претставува едно од најнебезбедните места за жените, ранливоста на жените беше значително зголемена за време на рестриктивните мерки. На глобално ниво, ова предизвика алармантно зголемување на веќе постоечката пандемија на насилство врз жените, што беше забележано и во извештајот на Генералниот секретар на ООН. Она што беше од особена важност овој период, е овозможувањето поддршка и охрабрување на жртвите за да го пријават насилството. Искуството покажува дека еден од најсериозните проблеми е токму непријавувањето од страна на жртвите, што е резултат на недовербата во институциите, неказнувањето на насилниците, но и стравот и срамот, а честопати и непрепознавање на насилството од страна на самите жртви“, стои во извештајот.

Насилството врз жените претставува глобален проблем и е во фокусот на светската јавност преку презентирање на различни решенија за негова елиминација. Сепак, како што се истакнува во повикот за борба против насилството, не постои едно решение кое ќе стави крај на насилството врз жените.

Од социо-медицински аспект насилството може да резултира со проблеми и последици по физичкото, менталното, сексуалното и репродуктивното здравје. Од тие причини има и правно-психолошка и социолошко-економска рефлексија во општеството.

Continue Reading

Македонија

Порака од претседателот Пендаровски за кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство. Претседателот Пендаровски во пораката истакна дека е нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори.

Во знак на поддршка на кампањата, Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ е осветлен во портокалова боја.

„Сè поголемиот број на жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство во текот на пандемијата, е последниот сигнал дека е потребен побрз одговор од институциите, сеопфатна стратегија и поддршка на жртвите на насилство.

Истовремено, должни сме како луѓе, насилството да го пријавиме и да им помогнеме на жртвите. И не само денеска, на Меѓународниот Ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство или во следните #16ДенаАктивизам.

Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден!“ порачува претседателот во видеото.

Continue Reading