Македонија
Големо намалување на регистрираните прекршувања за мерката носење лична заштита
Published
3 години agoна
By
Media PressМинистерството за внатрешни работи во соопштение известува дека во текот на последните 24 часа на територијата на цела држава значително се намалени регистрираните прекршоци за мерката за носење на лична заштита.
Во соопштението пишува дека се регистрирани само 299 прекршоци по оваа мерка.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Поврзани содржини
Со зголемувањето на бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на казни за неносење маска
Изречени над 800 казни за неносење маски
Мерката за носење маска сеуште не се почитува, 425 граѓани се казнети
Во текот на изминатото деноноќие, 431 лице заработиле казна за неносење заштитна маска
МВР: 365 регистрирани прекршоци за неносење маска
84 лица во регионот не ја почитувалe мерката за носење заштитна маска
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
20 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
„Зошто почнуваме од Велес? Ете затоа почнуваме… Почнуваме од Црвениот Велес. Градот на Рацин, каде што секое парче од калдрмата е Историја. Ете затоа почнуваме од Велес.
И нема да престанеме додека не ги избркаме како црв од јаболко! Доста ни ја јадете душата, доста ни ја јадете Татковината. Да беше жив Рацин ќе ви речеше: “Да се плукне гадот валкан”! Тој беше дрзок и знаеше колку вреди народниот дух, и затоа не дозволи никогаш народниот дух да падне.” истакна Апасиев во својот моќен говор.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
22 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
22 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.