Connect with us

Гевгелија

За една недела треба да биде ставен во употреба доградениот Дневниот КОВИД- центар во Гевгелија

Media Press

Published

on

   За една недела треба да биде ставен во употреба доградениот Дневниот КОВИД- центар за третирање на пациенти со лесна и средно-тешка клиничка слика, во склоп на Пунктот за земање брис со капацитет за 8-10 легла.        

  Директорот на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, д-р Митко Крџев, информираше за моменталната состојба во болницата и за вакцините против сезонскиот грип:       

  „Бидејќи бројот на заболени лица од КОВИД во Гевгелија значително расте, Болницата имаше потреба да го прошири капацитетот за згрижување пациенти. Затоа, поднесовме иницијатива до Општина Гевгелија за финансиска поддршка за доградбата на Пунктот за земање брис кој функционира и како Дневен центар. Интензивно се работи на доградбата која треба да биде ставена во функција за една недела, со што значително ќе ја зголемиме услугата на пациентите за КОВИД-терапија. Истовремено, и Одделот за преглед на мигранти го преадптиравме за згрижување на пациенти позитивни на Корона вирус.          Во болничкиот оддел имаме капацитет за сместување од 12 легла, а во моментот тој капацитет е исполнет од 50%. Капацитетот е задоволитетен во однос на потребите на болните со лесна и средно-тешка клиничка слика. Во моментот, Болницата е доволно обезбедена со лекови за терапија и со кислородни боци за поддршка на оние пациенти, на кои им е потребен кислород. Секојдневно, се снабдуваме со дополнителен број на кислородни боци, со што ја надополнуваме постојаната кислородна станица. Доколку епидемиолошката слика излезе вон контрола, тогаш ќе имаме потреба од изградба на ваква станица, како и да адаптираме нови одделенија во Болницата за третман на КОВИД-пациентите“ вели докор Крџев.         

 „Што се однесува до вакцините за сезонскиот грип, очекувам да ги добиеме во првата половина на ноември. Вакцинацијата ќе се одвива во чекалната на Дијабет-центарот, во поладневните часови. За спроведувањето на вакцинацијата имаме формирано нов тим составен од лекар и медицинска сестра. За термините, граѓаните ќе бидат благовремено информирани“ додава д-р Крџев.

Гевгелија

Започнаа подготвителните работи за изградба на модуларниот КОВИД-центар во Гевгелија

Media Press

Published

on

Општина Гевгелија почна со подготвителните работи за поставување на модуларниот КOВИД-центар за прием и тријажа на КОВИД-пациенти во Гевгелија. Како што е познато, во Гевгелија треба да биде поставена една од планираните 16 модуларни болници во земјата од страна на Министерството за здравство. Од страна на Општината треба да се обезбедат приклучоци за: вода, канализација и струја, како и уредување на локацијата. Во Гевгелија, согласно од потребите на овие модуларни градби, модуларниот КOВИД-центар ќе биде поставен на паркинг-просторот на улицата „Ѓорге Стамов“, крај самата Општата болница, а веднаш до Брза помош.

 „На почетокот од неделата имав состанок со: изведувачот – валандовска фирма, ангажирана од страна на Министерството за здравство, претставници на ЕВН-КЕЦ Гевгелија, на ЈПКД „Комуналец“, на Општата болница и на Општинскиот сектор за урбанизам и градежно уредување. По договорниот состанок, беше извршен увид на теренот и започнати изведбените работи за обезбедување приклучок за вода за пиење и канализација, од страна на ЈПКД „Комуналец“ и приклучок за електрoнапојување од страна на ЕВН. Од страна на Oпштината ангажирана е градежна фирма за прилагодување на постојната основица на локацијата на потребите на проектот. Очекувам до крајот на неделата изведбените работи околу обезбедувањето на комунална инфраструктура за модуларната болница да бидат завршени“, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

            Притоа, најави дека на почетокот од идната недела ќе бидат транспортирани елементите за модуларна градба и ќе започне нејзино монтирање. Веднаш потоа, ќе уследи и поставување на опремата веќе набавена од страна на Министерството за здравство. Така што, во најскоро време модуларниот КOВИД-центар во Гевгелија се очекува да профункционира.

Continue Reading

Гевгелија

За само десеттина дена по отпочнување на изведбените работи, профункционира Дневниот КОВИД-19 центар во Гевгелија

Media Press

Published

on

             Од вчера, проширениот Дневен прифатен КОВИД-19 центар во Гевгелија,  ги прими првите пациенти, заболени од КОВИД-19, на кои им беше обезбедена потребната дневна терапија. По тој повод, градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Тодор Ристов и пратеникот Марија Костадинова го посетија Дневниот центар и заедно со директорот на Општата болница, д-р Митко Крчев и раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, д-р епидемиолог Сашо Олумчев, дадоа изјави за јавноста.

   „Денес, сме во посета на Општа болница- Гевгелија и извршивме увид во профункционирањето на КОВИД-19 центарот, за кој се одвоија средства од Општинскиот буџет со донесена одлука од страна на Советот на Општина Гевгелија за надградување на бараката. Горд сум што заедно со членовите на Советот овозможивме на Општата болница да изгради ваков центар, во кој веќе се примаат и третираат  КОВИД-пациентите од Гевгелија“, истакна градоначалникот Поцков.

              – Голема благодарност до вработените во Општа болница со проширена дејност и до тимот на д-р Сашкo Oлумчев кои неуморно работат веќе 9 месеци и се грижат за заштита на здравјето на граѓаните на Гевгелија. Како Совет, донесовме одлука за доделување грант за доградба на Центарот и овозможивме истиот во иднина да служи за понатамошна здравствена услуга на граѓаните, истакна претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Тодор Ристов.

              – Би сакал да се заблагодарам на Општината и Градоначалникот, како и на Советот на Општина Гевгелија што денес ни овозможија да го отвориме овој Центар и да ги прошириме капацитетите од 8 до 10 легла за дневен третман на пациенти со недефинирана слика, за кои се чекаат резултати, но имаат симптоми на КОВИД. Имаме и болнички третман со капацитет во Невропсихијатриското одделение за 12 лица, но како што рапидно расте бројот на нови случаи, веќе сме во фаза да го преадаптираме и Интерното одделение во КОВИД-центар како дополнителен капацитет. Денеска, добивме известување дека се најдени изведувачи за изградба на Модуларната КОВИД-19 болница, па за месец-дена очекуваме да стане реалност, со што ќе ни биде олеснета работата во справувањето со пандемијата од КОВИД-19, истакна директорот на Општата болница, д-р Митко Крџев.

             – Доградениот КОВИД- Дневен центар ќе биде 24/7 во служба на граѓаните за нивно згрижување. Со порофункционирањето на овој Центар, се редуцираа гужвите што се формираа пред Болницата. Очекувам за време на сезонските грипови да се зголеми бројот на пациенти, но сметам дека капацитетите се доволни. Во Гевгелија, во моментот има околу 200 активни случаи, но претпоставувам дека таа бројка е многу поголема бидејќи има многу асимптоматски случаи и пациенти со благи симптоми кои се сомневаат дали се позитивни или не, но апелирам да се консултираат со здравствените служби, истакна раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, епидемиолог д-р Сашо Олумчев.

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана на 30 октомври, годинава, донесе одлука за доделување на 377.364 денари од Општинскиот буџет за доградба на Дневниот КОВИД- 19 центар.

Continue Reading

Гевгелија

Општина Гевгелија додели Благодарници за Општата болница и за д-р Сашко Олумчев, за несобична грижа за здравјето на граѓаните

Media Press

Published

on

    На одржаната Cвечена седница на Советот на Општина Гевгелија, по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија – 7 Ноември, беа доделени Благодарници на институциите и личностите кои несобично се грижеа и го штитеа здравјето на граѓаните,  се бореа со пандемијата и дадоа голем придонес во ублажувањето на последиците. Благодарница и беше доделена на Јавна здравствена установа ОПШТА БОЛНИЦА со проширена дејност во  Гевгелија, од самиот почеток на пандемијата, вработените во Општата болница со проширена дејност, која има богата и долга традиција, покажаа дека здравствените работници се на висина на својата задача. Подеднакво во згрижувањето и заштитата на граѓаните кои не успеаја да се спасат од опасниот вирус, но и за сите други пациенти кои имаа некаква потреба од здравствена заштита. Општата болница едноставно покажа како треба да функционира една јавна здравствена установа, беше нагласено во образложението.

            Општина Гевгелија, Благодарница му додели и на д-р Сашо Олимчев, епидемиолог и раководител на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, кој од прогласувањето на пандемијата од КОВИД-19 неуморно и несебично се грижеше за здравјето на граѓаните. И, тоа, не само преку тестирањето и следењето на епидемилошката состојба во општината. Уште повеќе, преку постојана едукација на граѓаните и превентивна  активност, укажувајќи им за опасноста и сериозноста на болеста која го парализира целиот свет. Неговото ангажирање како епидемиолог и здравствен работник е добар пример за улогата и важноста на здравствените работници во услови на светска пандемија, стои во образложението на Благодарницата.

          Исто така, Благодарници беа доделени и на: ОВР-Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ и Здружението на граѓани „ChangeMakers4all“  (Промени се) кои во изминатите месеци се ангажираа и дадоа свој придонес во реализацијата на мерките и активностите за заштита од пандемијата КОВИД-19, посебно околу реализацијата на мерките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и заклучоците на Советот на Општина Гевгелија. Притоа, демонстрираа како треба да се одвива соработката, особено, во вакви состојби, меѓу локалната самоуправа со државните и јавни установи, како и невладините организации

            Заблагодарувајќи се на признанието, а пред се доделениот грант од Општина Гевгелија за доградба на Дневниот КОВИД-19 центар, директор на Општата болница во Гевгелија, д-р Митко Крџев, информираше дека доградбата е веќе завршена и Дневниот центар е веќе во функција. Тоа значи дека се обезбедени од 8-10 легла за згрижување и лекување на пациентите заболени од КОВИД-19. Исто така, епидемиологот д-р Сашо Олумчев упати јавна благодарност до граѓаните на Општина Гевгелија бидејќи од нивните средства, како што рече, преку грантот што го додели Општина Гевгелија се проширени условите за лекување на пациентите, а тоа значи и зголемување на шансите за обезбедување на соодветна здравствена заштита.

Continue Reading