Connect with us

Струмица

Подобрени условите за одвивање на сообраќајот во Струмица

Media Press

Published

on

Општина Струмица значително ги зголеми безбедноста и протокот во сообраќајот со имплементација на повеќе мерки и поставување дополнителна опрема.

Атанаско Глигоров, советник за сообраќајна инфраструктура во општина Струмица, за реализираните активности од областа на безбедноста и протокот во сообраќајот, рече дека на територијата на општина Струмица (во градот и населените места) во изминатиот период поставени се 15 сферни огледала на повеќе улици каде е констатирано дека е намалена прегледноста. Потоа, преку 70 светлечки солар маркери непосредно пред пешачки премини кои се категоризирани како ризични и во услови намалена видливост, 150 гумени флексибилни – флуоросцентни столбчиња, со што улиците кои со години беа закрчени и узурпирани со непрописно паркирани возила, сега се функционални и безбедни.

Обновена е постојната и поставена нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација и опрема во координација со Јавните претпријатија „Паркиралишта“ и ЈПКД „Комуналец“, со 100 вертикални сообраќајни знаци и обележување на 7.000 метри квадратни од хоризонтална сообраќајна сигнализација, а поставени се и вибро ленти за смирување на сообраќајот пред основните училишта во населените места Дабиле и Костурино.

Поставена е и друга дополнителна опрема и преземени мерки, а Глигоров најави реализација и на други проекти во наредниот период кои ќе ја зголемат безбедноста на сите учесници во сообраќајот во општина Струмица.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски со отчет за сработеното во овој период

Media Press

Published

on

По повод завршувањето на третата година од мандатот, градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше за сработеното во овој период, за реализирани проекти во областа на инфраструктурата, за реализираните капитални проекти и проекти кои се во тек, за вложувањата во образованието и социјалната заштита, како и за заложбата во борбата против корона вирусот и како Ковид- 19 се одрази врз целокупното работење и општествено живеење.

Continue Reading

Струмица

Приведен струмичанец кој избегал од затвор

Media Press

Published

on

Полициски службеници од Полициска станица Струмица ноќеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор.

Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела, соопшти СВР Струмица.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                            

Continue Reading

Регион

Уапсен 22 годишен дилер на дрога од Струмичко

Media Press

Published

on

СВР Струмица преку соопштение известува дека е приведен 22 годишен дилер на дрога од Ново Село, Струмичко.

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Струмица, по претходно добиени оперативни сознанија, денес извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Continue Reading