Connect with us

Радовиш

Донација Рen таблети за потребите на професорите од СОУ Коста Сусинов во Радовиш, од рудникот Бучим

Media Press

Published

on

Околу 700 ученици успешно следат онлајн настава во СОУ Коста Сусинов во Радовиш. За потребите на професорите кои предават предмети како што се физика и математика,  на барање на училиштето, рудникот за бакар Бучим донира 15 Рen таблети.

По тој повод заменик генерланиот директор на Бучим Николајчо Николов, заедно со градоначалникот Герасим Конзулов беа  во посета на училиштето. Тие проследија и како тече еден онлајн час во услови на пандемија.

Според директорот Гоце Лазаров, оваа донација е од големо значење за професорите кои предаваат предмети од природните науки, за поуспешно реализирање на онлајн наставата.

 Рудникот Бучим ќе донира опрема и за уште четири ученици кои немаат опрема за следење онлајн настава, рече заменик генералниот директор Николов во оваа прилика кој изрази задоволство од успешното одржување на еден онлајн час.

 За потребите на двете основи училишта, и за средното училиште во Радовиш  Бучим ја донираше потребната опрема во вредносто од околу  487 илјади  денари.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Краткотраен прекин на водоснабдувањето во Ораовица поради дефект

Media Press

Published

on

Краткотраен прекин на водоснабдувањето во Ораовица поради дефект на кејската улица од левата страна на реката, најави ЈП Плаваја од Радовиш.

Отаму потврдуваат дека поради големината на дефектот кој бил пријавен вчера, а се санира денеска, сепак ќе мора да има прекин во водоснабдувањето за што бараат разбирање од граѓаните.

“Поради состојбата со пандемијата од Корона вирусот и зголемената потреба од чиста вода за пиење и хигиена и имајќи го во предвид фактот дека ако се запре линијата на која има дефект ќе нема водоснабдување повеќе од 12 часови донесен е заклучок дефектот да се санира утре Петок 27 ноември во утринските часови и тогаш ќе има краткотраен прекин на водоснабдувањето“ велат од ЈП Плаваја.

Инаку како што објаснуваат од Плаваја, дефектот  на кејската улица од левата страна на реката во Ораовица, бил пријавен вчера четврток.

„По излез на лице место приоритет беше даден на други поголеми дефекти кои беа појавени, а овој дефект беше планирано да се санира утре.

Во текот на попладневните часови по завршување на работното време дефектот во Ораовица се зголеми, екипа на ЈП„Плаваја“ излезе на лице место, извршена е инспекција на обемот на дефектот и на состојбата со водоснабдувањето во Ораовица при што е констатирано дека на сите локации има вода“, стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во Шаин маале во Радовиш, четири лица учествувале во физичка пресметка, за која било пријавено во Полициската станица во Радовиш.

Имено вчера во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш, било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, дошло до физичка пресметка помеѓу лицата У.Р.(31) и Џ.Р.(48), од една страна, и Б.М. (59) и С.И. (26), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно расчистување на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Полициска станица Радовиш, СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Црвен крст од Радовиш ја одбележа Неделата на грижа за старите лица

Media Press

Published

on

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Општинската организација на Црвен крст од Радовиш, од 16 до 22 ноември 2020 година ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

За таа цел волонтерите при ООЦрвен крст- Радовиш, поделија информативни флаери за заштита од Ковид 19 и заштитни маски, со цел навремено да се превенира од заразување со Ковид 19 и сезонските настинки, имајќи предвид дека токму старите лица се најризичната категорија на граѓани.

Continue Reading