Со донација на компјутери и таблети од рудникот Бучим, сите ученици се вклучени во онлајн наставата во ООУ Крсте Петков Мисирков
Рудникот Бучим како општествено одговорна фирма продолжува да донира во училиштата во Општина Радовиш, со цел да се овозможи сите ученици да се вклучат во онлајн наставата, која поради пандемијата со корона вирусот, се реализира во целата држава.
Заменик генералниот директор на Бучим
Николајчо Николов, и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов,
денеска беа во посета на училиштата во градот со цел да ја согледат состојбата
во образовниот процес.
Директорката на ООУ Крсте Петков Мисирков
рече дека онлајн наставата успешно се реализира благодарение токму на
заедничката подршка од општината и од рудникот Бучим.
Рудникот Бучим за потребите на ООУ Крсте П.Мисирков донира 8 компјутери и 30 таблети, во вредност од околу 306 илјади денари. Ова акција за донации во училиштата како што рече Николов, е започната уште од Денот на рударите.
Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека Општина Радовиш, не може сама да одговори за потребите на училиштата без донатори како што е рудникот Бучим. Конзулов во оваа прилика изрази благодарност до раководството на Бучим.
Тој додаде дека просторите од Електротехничкиот факултет кој веќе се под надлежност на општината ќе бидат доделени на ООУ Крсте Петков Мисирков, како најоптеретено училиште во кое учат околу 1200 ученици. А со ребалнасот на Буџетот ќе бидат издвоени средства за донација на училиштата во опрема. Конзулов рече дека рудникот Бучим е добра пример како да донираат и остантите фирми во општината.
Градоначалникот апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид- 19, бидејќи бројките постојано растат а болничките капацитети се веќе преполни.