Connect with us

Радовиш

Конзулов: Јавно ги повикувам советниците да ја одржиме прекинатата седница

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, на неговата официјална фејсбук страница упати апел до советниците и претседавачот на општинскиот совет да ја одржат прекинатата седница најкасно до крајот на неделава.

Тој напиша дека последните четири месеци сите општински институции се блокирани од неработењето на советот, и во името на јавниот интерес очекува дека ќе биде свикана седница на Советот најдоцна до петок.

„Јавно ги повикувам советниците и претседавачот на општинскиот совет да ја одржат прекинатата седница од 13.10 најкасно до петок (30.10).

Последните 4 месеци, Општината и сите општински институции се блокирани поради неработењето на Советот.Последиците се веќе видливи и се на штета на сите граѓани.

Се надевам на искрена соработка и очекувам до петок да ја продолжиме седницата во името на јавниот интерес. “ – Стои во објавата на Градоначалникот Конзулов

Радовиш

Река Сушица во Радовиш добива нов изглед. Активно се работи на уредување и регулација на речното корито

Media Press

Published

на

Активно се работи на изградбата на речното корито на река Сушица во Радовиш.   Со овој проект е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов смета дека овие зафати ќе значат многу не  само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Конзулов изврши увид во работните активности. Проектот започна да се реализира пред една година и се очекува да заврши за неколку месеци.

 Станува збор за проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, и еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.

Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.

Во овој период како што истакна градоначалникот Конзулов во завршна фаза се уште неколку проекти во населените места, изградбата на повеќенаменско игралиште во подареш и изградба на неколку улици во Јаргулица, за некои се очекува отпочнување со реализација.  

Прочитај повеќе

Радовиш

60- годишна радовишанка физички била нападната од две лица од Радовиш, случајот го пријавила во полиција

Media Press

Published

на

На текот на вчерашниот ден во 18.00 часот во Полициската станица Радовиш, 60- годишна радовишанка со иницијали С.К пријавила дека била физички нападната од две лица.

  „На 11 мај во 18.00 часот во Полициската станица Радовиш, С.К.(60) од Радовиш пријавила дека околу 17.40 часот во Радовиш била физички нападната од Б.К. и Р.К., двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“ стои во соопштението од СВР Струмица.  

Прочитај повеќе

Радовиш

Во општините во Југоистокот 14 нови случаи на Ковид -19, во Радовиш 9 и во Струмица 5

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид 19 во: -Скопје 58 -Куманово 16 -Битола и Радовиш по 9 -Виница 8 -Кочани и Кичево по 7 -Прилеп, Охрид и Штип по 6 -Велес и Струмица по 5 -Тетово, Гостивар и Ресен по 4 -Кавадарци 3 -Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица по 2-Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар по 1.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г).

Регистрирани се 409 оздравени пациенти од:-Скопје 171 -Прилеп 39 -Куманово 37 -Битола 36 -Тетово 15 -Велес 13 -Гостивар 12 -Кичево 11 -Штип 10 -Струмица 9 -Кавадарци и Радовиш по 8 -Крива Паланка 6 -Охрид и Кочани по 5 -Виница и Демир Хисар по 4 -Дебар и Пробиштип по 3 -Неготино, Ресен и Богданци по 2 -Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.

Прочитај повеќе