Спорт
Порази во двете кола од Супер лигата за пинг понг клубот од Радовиш

Published
6 месеци agoна
By
Media Press
Нашиот пинг понг клуб „Радовиш“ ги одигра 2-ро и 3-то коло од пинг понг Супер Лигата каде силите ги одмери со ППК „Работнички“ од Скопје и ППК „Младост“ од Прилеп.
Во двата дуели нашите натпреварувачи забележаа два порази.
За нашиот клуб настапија: Марјан Крстев, Горге Бораниев, Венко Стојанов и Катерина Даова.
За следните кола, нашата екипа ќе си ги одмерува силите со тимовите на ППК „Струга“ од Струга и ППК „Вардар“ од Скопје.
Дуелите ќе се играат во вторник во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, Скопје со почеток од 10 часот.
Поврзани содржини
РК Радовиш ќе се соочи со Струмички Астраион во првото коло од ракометната Супер Лига
ППК Радовиш ја заврши сезоната на петто место на табелата, во тек е регистрацијата на тимовите за идната сезона
Одиграни 9-то и 10-то коло од Супер Лигата во пинг понг
Пинг Понг Клуб „Радовиш“ со победа во почетокот на пролетниот дел од првенството
Спорт
ФК Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово

Published
2 месеци agoна
март 5, 2021By
Media Press
Нашиот фудбалски клуб Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово во Сабота на 26.03.2021 година.
Овој натпревар од пролетниот дел на првенството ќе започне во 14:00 часот и ќе се игра според протоколите односно публика нема да биде присутна.
ФК Плачковица минатиот викенд играше против ФК Кожув од Гевгелија каде и двата тима добија по еден бод со резултат од 0:0 на крајот од второто полувреме.
Спорт
Ракометарите на Радовиш ќе ги одмеруваат силите со Металург

Published
2 месеци agoна
февруари 25, 2021By
Media Press
Денес во почеток од 16:00 часот во ракометната екипа на Радовиш ќе се соочува со ракометарите на Металург РА.
Целиот натпревар може да се гледа на стрим во живо преку Јутуб каналот на Ракометна Федерација на Македонија.
Натпреварот ќе се емитува во живо на следниот линк.
Спорт
РК Радовиш со нови засилувања во нападот

Published
2 месеци agoна
февруари 19, 2021By
Media Press
Пред стартот на плеј-аут натпреварите, тимот на Мијалов го засилува нападот и во своите редови.
Во редовите на РК „Радовиш“ ќе заигра Милош Лојаничиќ – играч на десната бековска позиција со потекло од Србија кој се натпреваруваше повеќе тимови меѓу кои РК Осијек, РК Раднички КГ и РК Спартак Војпут.
На левата бековска позиција во тимот на Радовиш ќе заигра и Петар Ачимовиќ – играч кој може и да игра на левата крилна позиција заедно со најновото засилување на Мијалов, пикерот од Либан, Али Кобеиси.

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот
