Connect with us

Радовиш

Пинг Понг Клуб „Радовиш“ со победа во почетокот на пролетниот дел од првенството

Avatar

Published

на

На ден 01.03.2020 година екипата на ППК „Радовиш“ гостуваше во Скопје каде силите ги одмери со екипата на ППК „Телеком НЕЦ“ од Скопје, каде нашата екипа во еден изедначен и многу возбудлив натпревар (како и во првото коло), издвојува мошне значајна победа со резултат од 4:3 и возврати за поразот во првото коло од истата екипа.

На овој натпревар нашите натпреварувачи покажаа карактер во најтешките моменти каде ги добија најзначајните поени и сетови издвојувајќи мошне значајна победа. Со овие 2 бода моментално се искачија на 5-то место на табелата во супер Лигата на нашата земја.

На овој натпревар настапија : Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов. Во нашата екипа капитенски Гоце Димоски издвојуваше две победи од два одиграни сингл натпревари и заедно со Венко Стојанов во ДУБЛ ги победија Скопските противници каде точка на натпреварот стави Венко Стојанов со сигурна игра во последниот 7-ми натпревар каде ја завери заслужената победа против стариот „должник“.

Претстојниот викенд во Недела нашите натпреварувачи ке ги одмерат силите со екипите на ППК „Младост 96“ од Прилеп и екипата на ППК „Шампион ФА“ од Штип. Се надеваме на добра игра на нашите натпреварувачи и се очекуваат два возбудливи натпревари со екипите од Прилеп и Штип.

ТАБЕЛА:

МестоЕкипаБодови
1Младост14
2Шампион Фа13
3Работнички11
4Младост 9610
5Радовиш9
6Телеком НЕЦ9
7Вардар9

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе