Корито на река Сушица во Радовиш добива нов и уреден изглед. Градежните активности забрзано се одвиваат ова лето и од запуштен и небезбеден дел, се доаѓа до уредено корито што е и целта
на проектот со кој е планирано регулација
на околу 630 метри од речното корито на реката Сушица.
Целта е превенција и
намалување на последиците од евентуалните катастрофи, пред се поплавите
кои во последните 20 години се честа појава во овој регион.
Реализацијата на проектот ќе значи многу не само за општината, туку и за
целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Станува збор за
проект кој
се реалзира преку Центарот за развој на
ЈУ регион со
прекугранична соработка на Радовиш и
Сандански од Бугарија.
Според градоначалникот Герасим Конзулов ова е прва фаза од проектот и во следните неколку години треба да биде завршен потегот од 2,2
километри. Еден од главните зафати е уредување на дел од
коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано
три пати.
Проектот ќе се
реализира во наредните две години. Еден дел од активностите е насочен кон
подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.
Истиот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за
прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.
Проектот е вреден околу 588 илјади евра. Со
свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.