Радовиш
Од запуштен и небезбеден дел, речното корито на Сушица добива нов изглед

Published
3 months agoon
By
Media PressКорито на река Сушица во Радовиш добива нов и уреден изглед. Градежните активности забрзано се одвиваат ова лето и од запуштен и небезбеден дел, се доаѓа до уредено корито што е и целта на проектот со кој е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката Сушица.
Целта е превенција и намалување на последиците од евентуалните катастрофи, пред се поплавите кои во последните 20 години се честа појава во овој регион.
Реализацијата на проектот ќе значи многу не само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Станува збор за проект кој се реалзира преку Центарот за развој на ЈУ регион со прекугранична соработка на Радовиш и Сандански од Бугарија.
Според градоначалникот Герасим Конзулов ова е прва фаза од проектот и во следните неколку години треба да биде завршен потегот од 2,2 километри. Еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.
Проектот ќе се реализира во наредните две години. Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.
Истиот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.
Проектот е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.
Поврзани содржини
Тешко повредена мaлолетничка откако со автомобил излетала од патот
Започна изведбата на долго очекуваниот водоводен систем во Сушица, Општина Ново село
Ќе се уредува коритото на река Сушица во должина од 624 метри
Градоначалникот Конзулов го потпиша договорот за уредување на коритото на река Сушица
Општина Радовиш ќе го уредува коритото на реката Сушица
Радовиш
(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Published
5 hours agoon
January 19, 2021By
Media Press
Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вода и скокање по него, за големиот празник Богојавление. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови.

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во присуство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови. Претходно во црковниот храм беше одржана света божествена литургија.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Радовиш
Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Published
1 day agoon
January 18, 2021By
Media Press
Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.
„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата, создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.
Радовиш
Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Published
1 day agoon
January 18, 2021By
Media Press
Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена водата во сите православни храмови односно денеска е Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.

Верниците кои што присуствува на утринската божествена литургија и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
