Connect with us

Македонија

На распишаниот конкурс за 200 војници, пријавени се над 1800 кандидати

Александар | Media Press

Published

on

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Воениот стадион ги посети кандидатите за професионални војници, каде се вршеа физичките проверки на кандидатите.

„Вложувавме во Армијата, вложувавме во одбраната и затоа на почетокот на годината за 70 места имавме 700 кандидати. Сега кога распишавме конкурс за 200 војници добивме над 1800 кандидати и тоа покажува дека Армијата ќе се подмладува и дека Армијата може да се подмладува само ако вложите во повисоки плати, ако вложите во подобра опрема, ако вложите во подобар имиџ и се разбира ако вложите во подобри шанси за сите оние кои што работат во Армијата. Интересот на младите да пристапат кон армијата која што се гледа со самото тоа што за секое место имаме по 9 кандидати е резултат и на нашето членство во НАТО“.

За професионалните војници кои имаат најдобри резултати, Владата и Министерството за одбрана овозможуваат напредување во кариерата – можности за обука во странство, обуки во рамките на НАТО програмите, шанси да учествуваат во некои од НАТО предводените мисии како и мисии предводени од ООН и ЕУ.

Армијата се подмладува! Да се биде војник стана атрактивна професија, бидејќи вложивме во подобри услови, повисоки плати, подобри шанси за сите. Распишавме конкурс за 200 војници, добивме над 1800 кандидати. Со среќа!

Gepostet von Radmila Sekerinska am Mittwoch, 14. Oktober 2020

Македонија

РСБСП: Потребни се засилени контроли за поголема безбедност во сообраќајот

Александар | Media Press

Published

on

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција  во изминатите неколку  месеци  покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. Управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, не правилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци  во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот се дел од прекршоците кои полициските службеници ги регистрираат секојдневно.

Во делот на превенцијата, РСБСП потенцира дека  културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите. 

Што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата  во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел  РСБСП реализира континуирани и силни кампањи,  а ефектите од кампањите  може да се почувствуваат единствено на подолг рок.

„РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли  и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните  да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци  од повторување на сообраќајниот прекршок.“ – стои во соопштението на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Continue Reading

Македонија

МВР: 879 прекршители на мерката за носење лична заштита на лице

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи известува дека за последните 24 часа на целата територија на државата се регистрирани 879 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице.

Од Министерството упатуваат апел до сите граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading