Радовиш
Конкурс за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2023/2024 година
Објавено на
Од
Media Press
Градоначалникот на општина Радовиш, распиша КОНКУРС за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2023/2024 година. За оваа учебна година, општина Радовиш ќе додели вкупно 26 сипендии:
16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.
Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.
Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
13 стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 10 (стипендии во прва година – по 2 стипендии за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV година.
Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање од учениците до општина Радовиш ;
- Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
- Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
- Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
- Препорака од менторот ;
- Препорака од наставничкиот совет ;
- Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
- Фото копија од лична карта, или пасош и
- Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија
Во случај на ист број бодови, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците со послаба социјална положба, дополнително ќе побара од старателите на тие ученици :
– Уверение за остварени приходи од УЈП за материјалните примања на семејството на ученикот во текот на минатата година и
– Потврда за плата на родителите, или потврда од Агенцијата за вработување дека се пријавува како невработено лице, за периодот од Јануари заклучно со 30 Септември за тековната година.
Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој е социјално послабо ситуиран.
Општина Радовиш доделува вкупно 10 стипендии на талентирани ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.
Стипендиите се доделуват на првите 10 рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.
Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование
Потребни документи за учество на конкурсот покрај горе наведените се:
-Семејно уверение ;
-Уверение за остварени приходи од УЈП, за двајцата родители за 2023год.;
-Поврда за работен однос на родителите, или старателите со податок за остварен личен доход од 01.01.2023 заклучно со месец Септември 2023 или Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството на ученикот.
-Потврда од Центарот за социјална работа (доколку се корисници на социјална помош)
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови :
– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија
– Да се редовни ученици од основното образование и од средно образование со континуиран скроз одличен успех кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, организирани и спроведени ЕДИНСТВЕНО преку образовниот систем.
-Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :
-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или
-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми
–Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.
-Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.
Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

