Радовиш
На седница на Совет на Општина Радовиш, присутни и директорите на образовните институции, со цел да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат
Објавено на
Од
Media PressНа одржаната 47 седница на Советот на Општина Радовиш беа присутни и директорите на образовните институции, со цел да образложат дали се соочуваат со одредени проблеми, имајќи предвид дека учебната година започна во вонредни услови поради Корона кризата. Советникот Бојан Митевски им се заблагодари за присуството, но истовремено и потенцира дека тие како опозиција барале уште пред почетокот на учебната година да присуствуват на седница и да ги изнесат нивните проблеми со цел да им се помогне. Тој постави директно прашање дали учебната година започна успешно.
Во однос на почетокот на новата учебна година во училиштата во Радовиш и во населените места Државниот просветен инспектор и претседател на Советот Викица Манолева рече дека наставата се одвива од 1 до 3 то одделение со физичко писуство, а остантите онлајн. Училиштата се премени се средства за дезинфекција и топломери и единствено се соочуваат со проблеми околу техничката опрема.
Директорката на ООУ Коста Рацин од Подареш рече дека во нејзиното училишта како и во останатите, се соочуваат со некои проблеми од техничка природа. Во училиштето се спроведуваат мерките согласно протоколот, во однос на наставниот кадар тие се подготвени и обучени, но се соочуваат со недостаток на техничка опрема, за социјално загрозени ученици.
По завршувањето на исцрпната дискусија и кратката пауза советникот Горан Поцев рече дека опозицијата ќе ја напушти седницата притоа образложувајќи ги причините.
Причината според Поцев беше дека дневниот ред е усвоен, а тие не се изјасниле за негово прифаќање или отфрлање, како и забелешка на отфрлената точка 2 од дневниот ред со што се создавала можност за кочење на работата на градоначалникоти локалната самоуправа. По напуштањето на седницата, поради немање кворум за работа, истата беше прекината, а продолжението дополнително ќе биде закажано.
Поврзани содржини

Левица:Предлог – Закони за основно и средно образование: ПРИВИЛЕГИИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ – РЕПРЕСИИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

Новата министерка најавува промени во образованието: Тоа што не дава резултати, мора да биде променето

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Училишните клупи сè уште празни, учениците трета недела не одат на училиште

Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%, учениците треба да се вратат во училиштата

Влада: Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

