Connect with us

Политика

СДСМ: Реализираме сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти

Media Press

Published

на

Во време на глобална и економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ реализира сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, што значат побрзо надминување на негативните економски последици предизвикани од коронакризата и обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа низ целата држава, во вредност од 800 милиони евра. Автопатот Кичево – Охрид веќе добива засилена динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа.

Во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредоност од 42 милиони евра, а обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините. Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти.

Во Пробиштип, Неготино, Виница, Свети Николе и Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнува изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес.

Продолжува и процесот на гасификација, реализирани се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра. Се работи и на правецот Неготино-Кавадарци-Битола, каде се реализирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра.

Развојот и унапредувањето на инфраструктурата и енергетскиот сектор остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

И во време на пандемија реализираме проекти важни за државата, кои обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Македонија

Левица: Македонија во должничко ропство – 8,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА е должна само кон надвор

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица во Реакција до јавноста вели дека степенот на задолженост на Македонија е загрижувачки и дека државата е во должничко ропство.

„Степенот на задолженост на Република Македонија, повторно ја бранува јавноста. Впрочем единствената работа за која има консензус во Собранието, со исклучок на Левица, е континуирано ставање на Републиката во должничко ропство.

Согласно соопштението на Народна Банка, крајот на четвртиот квартал од 2020 година, Македонија забележува неверојатни 8,6 милијарди евра само надворешен долг. Што е уште позастрашувачки – 62 проценти од овој долг е кон приватни институции.

Извештајот на Народна банка, иако промовираше ситно намалување на надворешниот долг, факт е дека целокупниот јавен долг на крај од третиот квартал изнесуваше 6,57 милијарди евра, согласно извештајот кон крајот на четвртиот квартал само надворешниот долг е 8,6 милијарди – што претставува значително зголемување, особено кога ќе се стави во контекст дека изнесува 80,2 отсто од процентот на БДП за 2020 година.

Тоаталното отсутство на економска визија ја сведе СДСМ, која како партија во 2016 година најавуваше кривична одговорност за неодговорни задолжувања, во моментов да ја бутка Македонија во банкрот“, стои во реакцијата од Левица.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски сојуз: Обврска на министрите е да бараат решенија, граѓаните да можат слободно да патуваат во странство

Media Press

Published

на

Демократскиот сојуз најостро ја осудува изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, според кого, нема да се разговара со Грција за граѓаните да можат да патуваат во таа земја со цел да останат дома и да одмараат во нашите одмаралишта.

„Таквите тези се својствени само за Северна Кореја. Обврска на министрите е да бараат решенија за слободно движење на граѓаните, капиталот и идеите, а не да не затворат во рамките на Македонија. Граѓаните очекуваат проактивна дипломатија и членовите на Владата да ги “рушат” бариерите, а не да создаваат нови. Сите ние долго време сме затворени во своите домови и дополнителни блокади не ни се потребни“, стои во реакцијата од Демократски сојуз.

Инаку вчера од грчка страна беше соопштено дека Грција ги отвара вратите за српските граѓани кои примиле вакцина за претстојната туристичка сезона, а додека министерот Бектеши излезе со став дека нема да се разговара со Грција за граѓаните да можат да патуваат во таа земја со цел да останат дома и да одмараат во нашите одмаралишта.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Лидерската средба Заев-Мицкоски ќе биде од корист за Републиката само ако се договори Македонска национална платформа

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го потенцира ставот дека ваквата средба на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија би имала смисла единствено ако тие конечно се договорат за носење на долгоочекуваната Македонска народна платформа, како пандан на Тиранската – околу која, во иднина, би се обединил целиот конститутивен македонски народ.

„Ја истакнуваме суштинската потреба од носење на ваква стратегиска Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии – на внатрешен и на надворешен план – а кои ќе пружаат заштита и сигурност на македонските граѓани од великоалбанските и великобугарските национал-шовинистички претензии, кои денес се повампирени поради сервилноста на Владата на Заев.

Предлагаме оваа Македонска платформа задолжително да ги содржи овие пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои, во иднина, би биле непреговорливи во процесот на ЕУ интеграции, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициони влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи:

-Се гарантира унитарноста на Република Македонија и се осуетуваат сите обиди за нејзина идна кантонизација или федерализација;

-Се потврдува секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања;

-Се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и ќе се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на било кое малцинство;

-Се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна); и

-Се става мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со било кој и било каде (име, јазик, култура, историја, национален идентитет и слично)“, стои во реакцијата од Левица

Прочитај повеќе