Македонија
Премиерот Заев го прими еврокомесарот Вархеји
Published
3 години agoна
By
Media PressПретседателот на Владата на РС Македонија Зоран Заев, денеска го прими во официјална посета комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, кој по пречекот и тет-а-тет средбата со премиерот Заев присуствуваше на свечената седницата на Владата, на која го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за Македонија и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.
По седницата на Владата, премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји одржаа заедничка прес-конференција.
Осврнувајќи се на двата документи кои вчера Европската комисија ги објави за европската агенда на РС Македонија, Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, премиерот Заев истакна дека тие се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за нашата земја, и во период кога го очекуваме одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу РС Македонија и ЕУ до крајот на годинава во рамки на германското претседателство со ЕУ.
„Целиот пакет документи се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден, овој пат ќе речам – конечен исчекор во европската агенда на земјата со кој ќе отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување во нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел-членство во ЕУ“, рече премиерот Заев додавајќи дека Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секторските планови во наредниот период.
Тој додаде дека на овој начин се создава силна синергија и комплементарност, поефикасно планирање на неопходните ресурси и подобро фокусирање на целиот општествен потенцијал за испорака на конкретни резултати за просперитет на државата и на сите граѓани во неа.
„Посебно се издвојуваат наодите во областите фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер, заедно со министрите, од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на Европската комисија за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности, кои натаму ќе се преточат во преговарачки позиции на нашата земја“, рече Заев посебно издвојувајќи го Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, за кој како што рече, комесарот Вархеји има најголема заслуга.
Претседателот на Владата, Заев подвлече дека овој Инвестициски план е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.
„Мобилизираната финансиска поткрепа од девет милијарди евра преку ИПА 3 финансирањето, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој“, посочи Заев на денешната прес-конференција.
Премиерот Заев, до Европската Унија упати благодарност и за понудената помош и покажаната солидарност за полесно совладување на последиците предизвикани од КОВИД-19 кризата, подвлекувајќи дека веќе е пристигната помош од 80 милиони евра, а останатите 80 милиони евра ќе бидат доставени подоцна, за соочување со социо-економските последици.
Еврокомесарот Оливер Вархеји на прес-конференцијата истакна дека Скопје е прва станица од неговата маршрута низ земјите на Западниот Балкан и изрази задоволство што лично може да ги соопшти добрите вести дека Европската Унија е ангажирана со нашата земја за зајакнување на проширувањето, со тоа што има нова методологија, постигнување договор со другите земји-членки за почеток на преговорите со Северна Македонија и како што подвлече Вархеји, третата ногарка која го прави столчето стабилно е Инвестицискиот и економски план, кој е значителен поттик за економијата во регионот.
Вархеји подвлече дека Европската Унија е важна за Северна Македонија и за целиот регион и Планот ги содржи сите идеи во однос на областите каде може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата за одржлив најбрз начин.
Тој изрази надеж дека по брза постапка ќе се остварат сите избрани иницијативи, кои на најдобар начин ги одразуваат приоритетите и кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Западниот Балкан да стане ефективно подрачје во кое е инвестирано и ќе ги подобри условите за живот за луѓето кои живеат во овој регион во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки и за кои ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување.
Еврокомесарот Вархеји одговарајќи на новинарско прашање, одговори дека за охрабрување е, и во интерес на Република Бугарија и Северна Македонија, изнаоѓањето решение за сите прашања и дека ова е моментумот да се постигне тоа. Тој додаде, дека гледа посветеност од двајцата премиери, Заев и Борисов да изнајдат решение и посочи дека тоа не е невозможно.
Поврзани содржини
Ковачевски ја презеде функцијата претседател на СДСМ
Заев: Напредуваме! Создаваме нови работни места
Усвоен Планот за борба против корупција, Заев испрати порака: Повеќе нема недопирливи
Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта
Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор и ќе барам одговорност
Заев: Оставив аманет лично да придонесам нечиј живот да биде спасен, со донирање на моите органи
Македонија
Од денеска започна Велигденскиот пост
Published
23 часа agoна
март 18, 2024By
Media PressДенот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.
Велигденскиот пост опфаќа 7 недели. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Уште се нарекува и Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.
Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.
Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците.
Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.
Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.
Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.
Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.
Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.
Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.
Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана сè повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната со животинско потекло.
Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев.
Македонија
Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, кој би требало да донесе поевтинување на цените
Published
6 дена agoна
март 13, 2024By
Media PressСобранието денеска го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики предложен од Министерството за економија кој би требало да донесе поевтинување на цените во маркетите, преку регулирање на синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.
Намалените цени треба да следуваат преку уредување на односите помеѓу производителите, дистрибутерите и трговците.
Новиот закон за забрана на нефер трговски практики предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа треба да ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.
Во законот се содржани околу 26 нефер трговски практики за спречување на манипулациите, а за прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.
Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот.
Во Законот исто така е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената.
Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените.
За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра
Македонија
Најмногу дожд наврна во Радовиш а најсилен ветер во Виница
Published
1 недела agoна
март 12, 2024By
Media PressНајмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Радовиш 37 литри на метар квадратен, 31 литар Лазарополе, 26 во Берово, 24 во Крушево, а 22 литри во Скопје.
Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови засилен повремено силен ветер од јужен правец, кој во Виница достигнуваше брзина до 75 km/h. Изутринава е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во источните делови во планинските региони проследени со грмежи. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.
УХМР за денеска прогнзира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.