Радовиш
Интензивните врнежи од дожд во Радовиш и радовишко предизвикаа големи штети

Published
4 months agoon
By
Media Press
Силно невреме синоќа ја зафати Општина Радовиш. Пороен дожд паѓаше речиси во текот на целата ноќ.
„На 12.10.2020 год. во ноќните часови општината беше зафатена со интензивни врнежи од дожд кои придонесоа да имаме излевање на поројниот водотек во нас. место Калуѓерица, оштетување на еден од пороите во с. Воиславци, оштетување на премин кон Оравичка река во с. Ораовица и оштетување во градот од десната страна на ул. „Илија Алексов“ кон ул. „Ѓорче Петров“, велат од општината по извршената утринска обиколка од страна на градоначалникот Герасим Конзулов и дел од стручните служби .
Од Општина Радовиш додаваат дека се превзема мерки и активности за санирање на штетите и последиците од невремето.
Инаку Радовиш и населените места поради местоположбата при интензивни и обилни врнежи од дожд честопати се подложени на поплави од кои значителни штети претрпува инфраструктурата односно улиците како и дел од домаќинствата.

Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
10 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
1 day agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
1 day agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
