Connect with us

Македонија

Министерот Османи на средба со Борисов и Захариева во Бугарија

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска  ќе престојува во работна посета на Република Бугарија и ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Посетата претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји и интензивирањето на политичкиот дијалог. На средбата ќе се разгледаат можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на инфраструктурата, здравството, одбраната, туризмот, образованието, културата, како и сите други области во кои се остварува успешна соработка согласно напорите за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“ соопштија од кабинетот на министерот.

Министерот Османи со премиерот Борисов и со МНР Захариева ќе разменат мислења за напредокот на Регионот во процесот на европската интеграција, како и за активностите кои и претстојат на Македонија, напредокот на реформскиот процес и одржувањето на првата Меѓувладина конференција и формалното започнување на пристапните преговори со ЕУ до крајот на годината, за време на германското претседавање со Советот на Европската унија.

Како ко-претседавачи со Берлинскиот процес, министерот Османи со својот домаќин, министерката Захариева ќе ги разгледаат досега преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија.

Тема на разговорите ќе бидат и актуелните состојби во Регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми.

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading

Македонија

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници

Александар | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2020 за долгови доспеани до 30.06.2020 и неплатени до 30.09.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  • повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност;
  • повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2020 изнесува 9.693.161.515 денари, повеќе за 306.409.223 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.670.177.454 денари (повеќе за 336.647.542 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 22.984.061 денари (помалку за 30.238.319 денари од претходната листа).

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Целата листа можете да ја проверите на веб страната на Управата за Јавни Приходи

Continue Reading

Македонија

Филипче: Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страница напиша дека мерките за заштита од Kовид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат.

Тој додава дека бара од пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави.Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата.“ – напиша тој на фејсбук

Continue Reading