Економија
Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка

Published
4 months agoon
By
Media Press
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата на Република Северна Македонија донесе сет мерки со кои ќе се поддржи овој многу значаен сектор, лозарството.
Една од мерките е дополнителната мерка од 2 денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја изготви и истата е веќеизлезена во Службен весник на РСМ.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои секорисници на подмерката за оддржување на лозов насад одПрограмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020година и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец,Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети запроизводство на вино во Република Северна Македонија.
Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид Програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година.
Поврзани содржини
Бектеши: Веќе се дизајнираат мерките од петтиот пакет, обезбедени се 50 милиони евра од буџетот
Учество на МНР Бујар Османи на министерски состанок на Коалицијата за слобода на медиуми
СДСМ: 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички
Неделава Собранието ќе одлучува за нови, построги мерки за заштита од Ковид-19
Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје
Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности
Економија
УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Published
17 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра
При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.
Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

Економија
Владата ги објави нето-платите: Зоран Заев зема највисока, Шаќири зема најниска плата

Published
22 hours agoon
January 22, 2021By
Media Press
Владата на својата официјална веб страница го објави списокот со платите на владините функционери за месец Декември.
Во списокот има податоци за нето-платата, додатокот за минат труд и вкупната нето-плата, како и информација за стажот на функционерите.
Највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Неговата плата изнесува вкупно 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.
На второ место на листата е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 денари, каде е нагласено дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок.“ – стои во соопштението на Владата.


Економија
Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Published
2 days agoon
January 21, 2021By
Media Press
Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
