Connect with us

Струмица

Локалниот совет за превенција побара од банките да го зголемат бројот на редарите пред филијалите

Media Press

Published

on

Локалниот совет за превенција на Струмица оддржа средба со градоначалникот на Општина Струмица и претставници од банките. Од банките е побарано да се зголеми бројот на редарите пред вратите на објектите заради тоа што има колони од 15тина струмичани и не се оддржува пропишаната дистанца.

„Се договоривме да се подобри дисциплината, да се воспостави ред со ангажирање на агенции или на друг начин да се зголеми бројот на редарските служби не само внатре во банките, туку и пред нивните објекти.

Апелирам до сите, правни и физички лица, најсериозно да ја сфатиме состојбата со Ковид-19 и да ги почитуваме донесените протоколи за работа и мерки за заштита.“ – напиша на фејсбук градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски

Струмица

Струмичката болница доби нов директор

Media Press

Published

on

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов заминува од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филипче за нов директор на струмичката болница е именувана д-р Катерина Кузмановска.

Доктор Катерина Кузмановска е специјалист по педијатрија од 2004 година. Родена е 1968 година во Струмица. Средно образование завршила во гимназијата „Јане Сандански“ во 1986 година. Медицински факултет во 1991 година, а од 1992 година работи во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица.

Во претходниот парламентарен состав беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.

Continue Reading

Струмица

Санкционирани 137 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирла 137 возачи во регионот, кои возеле со брзина над дозволената, информира СВР Струмица.

„На 19.01.2021 година во времето од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 171 прекршок, од кои 137 по акциската контрола и 34 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Continue Reading

Струмица

Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица

Media Press

Published

on

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, преку компонентата за реновирање на училиштата, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, во тек се градежни активности за промена на подовите во училниците, со поставување на нов ПВЦ под.

Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите. Имплементатор на овој проект е Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, а како партнери се вклучени МОН, општините и училиштата во Република Македонија. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.

Со реновирањето е опфатен и објектот на подрачното основно училиште во населеното место Градско Балдовци, каде меѓу другото, за загревање на училниците, се поставени печки на пелети, со што се допринесува и за заштита од загадување на животната средина.

Општина Струмица, како долгогодишен партнер и учесник во проектите на УСАИД и МЦГО-Скопје, учествува со свои финансиски средства во износ од околу 300.000 денари, но и со секаква друга поддршка за успешна имплементација на проектните активности и подобрување на условите за учење и изведување на редовната воспитно-образовна работа во училиштето.

Continue Reading