Connect with us

Здравје

Извештај на ИЈЗ: Возрасната група на лица од 20-29 години со најмногу нови позитивни случаи

Media Press

Published

on

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 септември до 4 октомври бележи 9.832 тестирани материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 1,5% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата со зголемување од 35,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3/100.000

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 544 (45,2%) лица од женски и 659 (54,8%) од машки пол.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Штип. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,1 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 4.134 (21,9%) со инциденца од 1.078,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 1.251,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (3.481 заболен). Најниска инциденца од 284,9 и 388,9 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 652 и 973 случаи соодветно.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, УК за гинекологија и акушерство, Клиника на Аџибадем Систина и Zhan Mitrev Clinic), моментално се хоспитализирани 342 лице, а од нив 96 се на кислородна поддршка и 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,1%), малаксаност (43,3%), кашлица (39,1%), главоболка (15,9%), болка во грло (15,5%), ослабен осет за мирис и/или вкус (12,2%), треска (11,9%) и отежнато дишење (10,7%).

Здравје

Протоколот за лекување со Ивермектин испратен до матичните лекари

Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид -19.

Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО РСМ. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.

„Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот.“ – Стои во соопштението на Министерството за Здравство

Continue Reading

Здравје

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта се целосно изгубени, СДСМ бара трпение и дисциплина и порачува дека вакцините ќе пристигнат во Февруари

Media Press

Published

on

„Првите вакцини пристигнуваат во земјата веќе од наредниот месец. Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021 година, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.“ – најавуваат од Владата.

Од таму напоменуваат дека се работи по сите три механизми за вакцини. Првиот механизам обезбедува 800.000 вакцини за цела 2021 година, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.
Вториот од нив е „Ковакс“ механизмот од каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини.

Вкупно, преку сите три механизми  треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку Соопштение до јавноста како реакција на соопштението на СДСМ велат дека СДСМ и понатаму продолжува да се фалат за вакцината против КОВИД-19 кога сеуште не се знае кога граѓаните ќе можат да ги добијат вакцинити и колкaва ќе биде бројката.

„Во сите држави во регионот веќе стигна и втора тура на дози од вакцините против корона, во Македонија, Заев и Филипче не успеаја да набават ни прва, а не пак да почне вакцинација.
И додека Филипче, а и Заев само се вплеткуваат во своите лаги денес па утре, па во февруари ќе има вакцина, има починати повеќе од две илјади и шестотини граѓани од корона.“ – пишува во реакцијата

Continue Reading

Здравје

Започнуваат подготовките за прием и чување на вакцините против Ковид-19

Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство добија задолженија од Владата во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и достават до Министерството за здравство сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19.

Заедно со институциите Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од 7 (седум) работни дена да изготви и достави до Министерството за здравство сопствен акциски план (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20% од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести.

Continue Reading