Connect with us

Радовиш

Протресен финансискиот извештај на РК Радовиш од страна на советниците, побараа отчет каде одат парите

Avatar

Published

на

На одражанта седница на Советот на Општина Радовиш беше презентиран финасискиот извештај за 2020 година на РК Радовиш, остварените приходи и расходи и каде одат парите со кои располага клубот. Извештајот го презентира претседателот на клубот Игор Конзулов,  по што се разви дискусија, а беа поставени и неколку советнички прашања.

Советникот Горан Поцев ги побара изводите од клубот, на што  Конзулов му одговори дека тој нема право да ги достави изводите на увид пред советниците и дека тоа треба да го побараат од книговодителот на клубот,  по што беше побарано мислење од правната служба.  

Советникот Бојан Митевски со прашање на што се должи тоа што ракометниот клуб бил во добивка за 2020 година  за околу  605 илјади денари. Митевски праша и за останати услуги каде се трошат парите, на што Конзулов даде одговор, дека парите се трошат за книговодствени услуги и теретани, за  гориво за превоз и за други услуги и дека се е транспарентно.

По исцрпната дискусија на крајот сепак завршната сметка на РК Радовиш за 2020 година беше усвоена едногласно од страна на советниците.

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица -Радовиш денеска заедно со граѓаните на градскиот пазар

Avatar

Published

на

Денеска членовите на ЛО Левица-Радовиш ја презентираа програмата на претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, на поставен штанд до градскиот пазар во Радовиш.

„Граѓаните велат дека со нетрпение ги чекаат овие историски избори за заедно да ставиме крај на криминалните банди од ДПМНЕ, СДС и ДУИ кои ја пустошат Македонија триесет години“ велат младите активисти на ЛО Левица – Радовиш, кои рекламниот материјал од програмата на Ванковска го делеа и на граѓаните во пазарот.

Прочитај повеќе