Македонија
Заев: Како да се претворат во инвестиции за економски развој околу 1,5 милијарди евра на граѓаните што ги чуваат дома

Published
4 months agoon
By
Media Press
„Ние сме уште земја во транзиција и се смета дека кај граѓаните има околу 1,5 милијарди евра кои се надвор од финансиските текови и од финансискиот промет. Подготвени сме да ја отвориме дебатата за тоа кои се најдобрите услови и што треба да направиме за да поттикнеме овие огромни средства да се трансформираат во инвестиции за дополнителен економски развој“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ .
„Сега имаме стабилен и сигурен амбиент за инвестиции и за економски развој заради нашето членство во НАТО, а еве нé и пред почетокот на отворањето на поглавјата за членство во ЕУ и Брисел нé стави во фокусот со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан. Но, да се запрашаме дали ги користиме сите ресурси? Дали ги знаеме сите наши ресурси? Дали се максимално искористени? Владата отвори дебата со коморите, а отворив дебата и на една од седниците за важни теми кои треба да станат видливи, како што е темата на кој начин да се стават во функција 1,5 милијарди евра на граѓаните“, објасни премиерот Заев.
Заев истакна дека голем потенцијал за инвестиции има во земјоделското земјиште кое што во голема мерка е уште државно.
„Легализиравме одреден процент со мерките за консолидација на земјоделското земјиште, но остануваат уште многу површини. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, ако го купуваат тоа земјиште со парите кои сега не се во промет, тие ќе повлечат повеќе кредити за своите инвестициски активности. Има и други теми. Тука се автомобилите со странски таблички кои средствата за регистрација ги плаќаат во други држави. Зошто да не им дадеме можност да добијат домашни таблички и да се регистрираат кај нас? Потоа тука се угостителите. Зошто е толку мало учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји тоа учество е многу поголемо? Да ја отвориме таа дебата. Да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите ресурси затоа што неповторлив е овој период. Од ЕУ, регионот добива 9 милијарди евра и тоа е секако заслужена поддршка, но да видиме што правиме дома. Како да ги поттикнеме и искористиме сите ресурси затоа што имаме многу можности и предности“, истакна премиерот Заев.
Поврзани содржини
Заев:Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем, Мицкоски: Нели идентитетот беше “бетон”
Арсовски: 400.000 евра годишно за 29 лични и 7 надворешни советници на Заев
Новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата од премиерот Заев
Заев: „Празнувај одговорно“ – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи
Заев: Медицинскиот канабис е огромен потенцијал за здравствени цели и економски развој
Заев: Немаме алтернатива за и до надминување на прашањето со Бугарија, продолжуваме со европеизацијата дома
Македонија
Ординацијата во домот д-р Асани била нерегистрирана, ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност

Published
12 hours agoon
January 26, 2021By
Media Press
Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница,д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај.
ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува.
При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма.
Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани . Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи и сузбивање на истите.
Македонија
Македонија преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини

Published
13 hours agoon
January 26, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема сомеж во квалитетот на кинеските вакцини, кои веќе беа најавени од премиерот како една од опциите.Станува збор за кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.
„Остануваме посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата Фајзер. Но, факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа. Во моментов ја разгледуваме и можноста за набавка на вакцини од Кина и чекаме детали во однос на цената и испораката. До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели Филипче.
Македонија
Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците

Published
13 hours agoon
January 26, 2021By
Media Press
Стартот на второто полугодие и полагањето на матурските испити беше тема на разговор на Министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта на онлајн состанокот што се одржа вчера.
На состанокот е донесен заклучок дека, Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Според податоците на училиштата полагање на матура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година.
Матурата, којашто е право на избор и на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да полагаат. На состанокот беше посочено дека уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети.
„Државниот испитен центар, МОН и средношколците заеднички ќе работат на целосно нова концепција за полагање на државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.
Средното образование е задолжително, државната матура е избор и е потребна на учениците коишто планираат да го продолжат образованието на факултетите. Во концептот за матура предвидена е и училишна матура, која е избор на учениците што нема да полагаат државна матура. Таа опфаќа избор само на два предмета (задолжителен и изборен) и проектна задача. Исто така, матурантите од средните стручни училишта имаат можност да изберат и завршен испит, со истиот концепт од два предмета, задолжителен и изборен и проектна задача“, соопштуваат од МОН.
Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставниот комбиниран модел, затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици, но во интерес на заштитата на јавното здравје.

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Ординацијата во домот д-р Асани била нерегистрирана, ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност

Македонија преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини

Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш
