Здравје
Рекордни 317 нови случаи позитивни на Ковид -19. Бројот на активни случаи во земјава се приближува кон 3000

Published
4 months agoon
By
Media Press
Во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Троцифрен број на нови случаи повторно во Скопје, а расте бројот и во Југоистокот. Така нови случаи позитивни на корона вирус има во Струмица, Гевгелија и Радовиш. Според извештајот во Скопје се регистрирани 182, Куманово 12, Штип 13, Прилеп 5, Тетово 8, Велес 7, Битола 6, Гостивар 11, Гевгелија 12, Струмица 12, Радовиш 5, Кочани 18, Валандово , Дебар, Крива Паланка по 3, Кавадарци, Свети Николе и Кичево 4, Делчево 2, и Ресен Охрид и Неготино по 1
Починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:
-Скопје 24
-Куманово 12
-Штип 3
-Прилеп 14
-Тетово 8
-Струга 3
-Велес 3
-Битола 5
-Кавадарци 2
-Гостивар 7
-Гевгелија 1
-Струмица 4
-Радовиш 4
-Кочани 6
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 1
-Берово 2
-Виница 1
-Кичево 1
Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.
Поврзани содржини
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер
Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска
Македонија ќе добие 800 000 вакцини Фајзер против Ковид-19
Нема промена на цените на горивата на бензинските станици
Од тестирани 591 лице, регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19
Здравје
Протоколот за лекување со Ивермектин испратен до матичните лекари

Published
1 week agoon
January 14, 2021By
Media Press
Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид -19.
Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.
Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО РСМ. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.
Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.
„Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот.“ – Стои во соопштението на Министерството за Здравство
Здравје
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта се целосно изгубени, СДСМ бара трпение и дисциплина и порачува дека вакцините ќе пристигнат во Февруари

Published
2 weeks agoon
January 11, 2021By
Media Press
„Првите вакцини пристигнуваат во земјата веќе од наредниот месец. Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021 година, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.“ – најавуваат од Владата.
Од таму напоменуваат дека се работи по сите три механизми за вакцини. Првиот механизам обезбедува 800.000 вакцини за цела 2021 година, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.
Вториот од нив е „Ковакс“ механизмот од каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини.
Вкупно, преку сите три механизми треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку Соопштение до јавноста како реакција на соопштението на СДСМ велат дека СДСМ и понатаму продолжува да се фалат за вакцината против КОВИД-19 кога сеуште не се знае кога граѓаните ќе можат да ги добијат вакцинити и колкaва ќе биде бројката.
„Во сите држави во регионот веќе стигна и втора тура на дози од вакцините против корона, во Македонија, Заев и Филипче не успеаја да набават ни прва, а не пак да почне вакцинација.
И додека Филипче, а и Заев само се вплеткуваат во своите лаги денес па утре, па во февруари ќе има вакцина, има починати повеќе од две илјади и шестотини граѓани од корона.“ – пишува во реакцијата
Здравје
Започнуваат подготовките за прием и чување на вакцините против Ковид-19

Published
1 month agoon
December 23, 2020By
Media Press
Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство добија задолженија од Владата во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и достават до Министерството за здравство сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19.
Заедно со институциите Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од 7 (седум) работни дена да изготви и достави до Министерството за здравство сопствен акциски план (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.
Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20% од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

УЈП ќе исплаќа ДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите
