Connect with us

Македонија

Премиерот Заев го прими еврокомесарот Вархеји

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на Владата на РС Македонија Зоран Заев, денеска го прими во официјална посета комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, кој по пречекот и тет-а-тет средбата со премиерот Заев присуствуваше на свечената седницата на Владата, на која го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за Македонија и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.

По седницата на Владата, премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји одржаа заедничка прес-конференција.

Осврнувајќи се на двата документи кои вчера Европската комисија ги објави за европската агенда на РС Македонија, Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, премиерот Заев истакна дека тие се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за нашата земја, и во период кога го очекуваме одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу РС Македонија и ЕУ до крајот на годинава во рамки на германското претседателство со ЕУ.

„Целиот пакет документи се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден, овој пат ќе речам – конечен исчекор во европската агенда на земјата со кој ќе отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување во нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел-членство во ЕУ“, рече премиерот Заев додавајќи дека Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секторските планови во наредниот период.

Тој додаде дека на овој начин се создава силна синергија и комплементарност, поефикасно планирање на неопходните ресурси и подобро фокусирање на целиот општествен потенцијал за испорака на конкретни резултати за просперитет на државата и на сите граѓани во неа.

„Посебно се издвојуваат наодите во  областите  фундаментални  вредности,  избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи  дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер, заедно со министрите, од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на Европската комисија за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности, кои натаму ќе се преточат во преговарачки позиции на нашата земја“, рече Заев посебно издвојувајќи го Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, за кој како што рече, комесарот Вархеји има најголема заслуга.

Претседателот на Владата, Заев подвлече дека овој Инвестициски план е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.

„Мобилизираната финансиска поткрепа од девет милијарди евра преку ИПА 3 финансирањето, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој“, посочи Заев на денешната прес-конференција.

Премиерот Заев, до Европската Унија упати благодарност и за понудената помош и покажаната солидарност за полесно совладување на  последиците предизвикани од КОВИД-19 кризата, подвлекувајќи дека веќе е пристигната помош од 80 милиони евра, а останатите 80 милиони евра ќе бидат доставени подоцна, за соочување со социо-економските последици.

Еврокомесарот Оливер Вархеји на прес-конференцијата истакна дека Скопје е прва станица од неговата маршрута низ земјите на Западниот Балкан и изрази задоволство што лично може да ги соопшти добрите вести дека Европската Унија е ангажирана со нашата земја за зајакнување на проширувањето, со тоа што има нова методологија, постигнување договор со другите земји-членки за почеток на преговорите со Северна Македонија и како што подвлече Вархеји, третата ногарка која го прави столчето стабилно е Инвестицискиот и економски план, кој е значителен поттик за економијата во регионот.

Вархеји подвлече дека Европската Унија е важна за Северна Македонија и за целиот регион и Планот ги содржи сите идеи во однос на областите каде може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата за одржлив најбрз начин.

Тој изрази надеж дека по брза постапка ќе се остварат сите избрани иницијативи, кои на најдобар начин ги одразуваат приоритетите и кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Западниот Балкан да стане ефективно подрачје во кое е инвестирано и ќе ги подобри условите за живот за луѓето кои живеат во овој регион во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки и за кои ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување.

Еврокомесарот Вархеји одговарајќи на новинарско прашање, одговори дека за охрабрување е, и во интерес на Република Бугарија и Северна Македонија, изнаоѓањето решение за сите прашања и дека ова е моментумот да се постигне тоа. Тој додаде, дека гледа посветеност од двајцата премиери, Заев и Борисов да изнајдат решение и посочи дека тоа не е невозможно.

Македонија

РСБСП: Потребни се засилени контроли за поголема безбедност во сообраќајот

Александар | Media Press

Published

on

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција  во изминатите неколку  месеци  покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. Управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, не правилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци  во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот се дел од прекршоците кои полициските службеници ги регистрираат секојдневно.

Во делот на превенцијата, РСБСП потенцира дека  културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите. 

Што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата  во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел  РСБСП реализира континуирани и силни кампањи,  а ефектите од кампањите  може да се почувствуваат единствено на подолг рок.

„РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли  и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните  да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци  од повторување на сообраќајниот прекршок.“ – стои во соопштението на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Continue Reading

Македонија

МВР: 879 прекршители на мерката за носење лична заштита на лице

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи известува дека за последните 24 часа на целата територија на државата се регистрирани 879 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице.

Од Министерството упатуваат апел до сите граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue Reading

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading