Connect with us

Регион

Оддржана обука за платформата за директна комуникација помеѓу локалните земјоделци

Александар | Media Press

Published

on

Во организација на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии- Гевгелија се одржа обука на тема „Локалните системи на храна, предности и можности“, во рамките на проектот „Избери здраво-купувај локално“, одобрен за реализација од страна на Мрежата за рурален развој, а финансиран од шведската организација „We Effect”. Во рамките на оваа обука беше презентирана и интернет-платформата www.kupuvajlokalno.mk.

– Покрај Гевгелија се опфатени и општините Богданци, Валандово и Дојран. Проектот има за цел директна комуникација преку електронска платформа помеѓу земјоделците од овие општини и заинтересираните купувачи на земјоделски производи. На тој начин очекуваме зголемување на заработувачката на примарните земјоделски производители, но во истовреме и зголемување на довербата и партнерството меѓу производителот и потрошувачот.

Идејата е да се поврзат луѓето, да се поттикне локалниот развој во руралните средини и да се минимизира бројот на врски (линкови), односно посредници при продажбата за да се направи одржлив систем на храна изграден преку партнерство, што е еден од принципите на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој,“исткана раководителот на ФЛОРИТ, Ристо Атанасовски.

Обуката беше реализирана со почитување на протоколот за организирање настани, за заштита од КОВИД-19.

Македонија

Бројот на нови случаи со Ковид -19 во државата, секојдневно расте, расте бројот и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3.828, потоа следува Струмица – 458 која е општина со најголем број на активни случаи во Југоистокот.  Потоа следува  Гевгелија  со 86, Радовиш со 79,  Богданци – 52, Валандово – 33 и Дојран 18 активни случаи со Ковид -19.

Во последните 24 часа оздравени се 292 пациенити и починати се 14 лица, од кои тројца пациенти на 51, 60 и 83-годишна возраст од Скопје, тројца на возраст од 53, 65 и 71 година од Куманово, еден 80-годишен пациент од Дебар, двајца на возраст од 55 и 56 годни од Прилеп, еден 63-годишен од Тетово, еден 65-годишен од Велес, еден 68-годишен од Струмица, еден 72-годишен од Радовиш и еден 75-годишен пациент од Кратово. Сите се починати во болнички услови.

Continue Reading

Македонија

47 нови случаи на Ковид -19 во Југоистокот, според последниот извештај

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство вчера попладне информираше дека во последните 24 часа се потврдени 640 нови случаи на Ковид-19 во земјава.  Во Југоистокот најмногу во Струмица 24,  11 во Гевгелија, 9 во Радовиш и 3 во Валандово.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 12 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64 години, двајца од Велес на 79 и 89 години, еден пациент од Прилеп на 73 години, еден од Штип на 72 години и еден од Струмица на 85 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 143 оздравени пациенти. 15 од нив во Југоистокот во Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, , Валандово-3

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 115 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се седум деца и пет мајки позитивни на Ковид-19 и три деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.634 теста.

Continue Reading

Регион

Продолжуваат акциите на МВР, уапсени четири лица во Гевгелија заради марихуана

Александар | Media Press

Published

on

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера се пронајдени околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис и се приведени четири лица од Гевгелија.

„Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната.

При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис…“ – стои во соопштението од МВР

Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading