Connect with us

Економија

Комората на сметководители бара Министерот за финансии да го сопре самоволието во институцијата која ја води

Avatar

Published

на

Комората на сметководители апелира дека е неопходно донесување на нов Закон за сметководствени работи и повлекување на законските измените кои се веќе во собраниска процедури бидејќи со нивно носење уште повеќе ќе се нарушат лошите услови за работа.

„Комората на сметководители континуирано апелира за потребата од унапредување на професијата, но во пракса продолжува самоволието во постапување на Секторот за финансиски систем во Министерството за финансии. Наместо повлекување на  предлог-законот за измените на Законот за вршење сметководствени работи од собраниска процедура и конечно формирање на работна група за креирање ново законско решени, предлог-законот е ставен на дневен ред на 34 седница на Собрание, закажана за 16.02.2021година и тоа со европско знаменце, со што се забрзува постапката на негово донесување.

Од овие причини, Комората на сметководители бара итна средба со Министерот за финансии и претставници од Секторот за финансиски систем кои се одговорни за поднесување на овие предлог измени бидејќи тие се крајно дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата. Мора да се стави крај на ваквите перфидни обиди за исполнување на лични интереси на поединци“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.

Комората ја информира јавноста и дека по одбивањето на барањето за одложување на роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи од страна на Министерството за економија, одлука поддржана и од Министерството за финансии, Комората поднесе иницијатива за амандманска интервенција од страна на народните избраници во Собранието.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе