Гевгелија
Д-р Олумчев: Задоволителна епидемиолошката слика, поголема е бројката на оздравени, наспроти новозаболени во Општина Гевгелија

Published
4 months agoon
By
Media Press
Во општина Гевгелија вкупната бројка на активни случаи од КОВИД-19 e 19 лица, изјави раководителот на Центарот за јавно здравје, епидемиолог д-р Сашко Олумчев, притоа оценувајќи ја моменталната епидемиолошка слика во општината како задоволителна поради фактот што во принцип поголема е бројката на испишани, оздравени пациенти, наспроти бројот на новозаболени.
„Во однос на лекувањето на пациентите заболени од КОВИД-19 со полесна и средно-тешка клиничка слика, можам да кажам дека Општата болница со проширена дејност- Гевгелија покажува одличен успех, секако, во согласност со пропишаните протоколи за лекување кои се применуваат во светот.
За среќа, во градинките нема пријавен сомнителен случај, со надеж дека тој тренд ќе продолжи и понатака, се разбира, со доследна примена на мерките од страна на вработените, дечињата и родителите“, истакна Олумчев.
Исто така, тој упати порака до сите граѓани на општина Гевгелија: да се придржуваат на мерките за заштита од КОВИД-19, да избегнуваат групирање со поголем број луѓе во затворени простории, често да ги проветруваат просториите, да одбегнуваат користење климатизери и, секако, во пресрет на сезонските грипови во есен и зима да консумираат повеќе витамини и течности.
Поврзани содржини
Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже
Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија поволна, продолжуваат да важат мерките за заштита од КОВИД-19
Градоначалникот Поцков го посети првото новороденче во Општина Гевгелија годинава
Македонија ќе добие 800 000 вакцини Фајзер против Ковид-19
Регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19, во Југоистокот 13 нови случаи. 8 лица починале
Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков
Гевгелија
Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже

Published
5 days agoon
January 14, 2021By
Media Press
Општина Гевгелија, деновиве, ќе ги распише јавните повици за изградба на нови улици, реконструкција на постојните улици, бетонирање и тековно одржување на локалната патна мрежа.
Ова беше договорено на првиот годинешен состанок на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков со раководителите и претставниците на Секторот за урбанизам и другите општински служби околу претстојните активности. Станува збор за четири тендери со кои всушност се најавува и новата сезона за обнова и проширување на уличната и локалната патна мрежа во општина Гевгелија.
„Во рамките на јавниот повик за изградба на нови улици, покрај другото, договорено е со новиот тендер да биде опфатено тампонирањето и поставувањето на долен строј на двете нови улици во станбената населба „Караорман“. Што се однесува, пак, до реконструкцијата и бетонирањето, со новите тендери ќе бидат опфатени повеќе улици и краци во Гевгелија и во населените места. Покрај ова, договорено е веднаш да се интервинира, со прокопување на одводен канал, меѓу бензинската пумпа „Шимов“ и каналот „Рауљ“ за решавање на проблемот со водата што се собира на овој дел од крстосницата на влезот во Гевгелија, по секој пообилен дожд“ информираат од општината.
Во понатомошната фаза беше договорено на состанокот да се подготват тендери за реализација на проектот Градски урбан сквер, со кој се предвидува хортикултурно и партерно уредување на просторот кај стариот Градски пазар.
Исто така, како што информираат од општината наскоро треба да започнат работите за изградба и пробивање на неколку улици во градот.
Гевгелија
Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија поволна, продолжуваат да важат мерките за заштита од КОВИД-19

Published
6 days agoon
January 13, 2021By
Media Press
Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија на вчерашната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е поволна. Бројот на новозаболените од КOВИД-19 е во драстично опаѓање, додека значително е зголемен бројот на оздравени пациенти. Според информациите од Општата болница и Центарот за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, преполовен е и бројот на пациентите на дневен и хоспитализиран третман.
Доколку до неодамна во Дневниот КОВИД-центар имало и по 50-60 пациенти на дневен третман, а на хоспитализиран третман 18 пациенти, во текот на денешниот ден во Дневниот Ковид-центар на дневен третман имало само 10 пациенти. Додека на хоспитализираниот дел на Интерното одделение во Општата болница кое располага со 22 легла, има само 9 пациенти од Ковид 19, е констатирано на седницата.
Општинскиот штаб очекува ваквата тенденција да продолжи, се разбира, со почитување на заштитните мерки од страна на граѓаните и сите правни субјекти. Особено, во пресрет на претстојните верски и традиционални празници.
Врз основа на информациите на ОВР- Гевгелија и Државниот пазарен инспекторат- ПЕ Гевгелија, Општинскиот штаб констатира дека за време на новогодишните и божиќните празници не се забележани, а и немало пријави за групни прослави и собирања.
Според информациите од Гевгелиското Архиериско намесништво, манифестацијата по повод Водици, со фрлање на крст во реката Вардар, согласно насоките од МПЦ, годинава се одлага поради пандемијата, како и водосветот по домаќинствата.
Празникот ќе биде одбележан со редовните црковни богослужби на Водици, согласно протоколите и заштитните мерки.
И покрај тоа, Општинскиот штаб им препорачува на граѓаните, правните субјекти и верски заедници доследно да ги применуваат мерките со кои се забранува организирање и одржување на прослави на јавни места и површини по повод верските и традиционалните празници.

Истовремено, останува да важи забраната за палењето на малски огнови по повод Василица.
Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, во сите основни училишта, каде што се врши настава со физичко присуство на учениците, но и во училиштата, каде што наставата се одвива онлајн и со присуство на наставниците, е побарано да се изврши дезинфекција на просториите, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија.
Гевгелија
Реновирана полициската станица во Гевгелија со што се подобрени условите за работа на полициските службеници

Published
1 week agoon
January 11, 2021By
Media Press
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на ОВР Гевгелија каде што се сретна со раководството на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот, нагласи дека не може да се претендира на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови.

“Оттаму, сосема е разбирливо што денес во ОВР Гевгелија имаме можност, покрај другото, да направиме увид и во условите за работа на полициските службеници, особено сега кога, како што гледаме, веќе е завршена претходно најавената санација и реконструкција на објектот на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, пари обезбедени од наши средства, од буџетот на Министерството, а во рамки на концептот што го промовиравме и во континуитет го реализираме уште од 2017 година – за подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на полициските организациони единици, на полициските службеници“, потенцираше Спасовски.

И во наредниот период додаде Сапсовски дека ќе се изврши комплетна реконструкција на СВР Куманово и обнова на постоечките објекти каде што е сместено СВР Куманово, комплетна реконструкција и санација на објектот на ПС Ресен и ПО Ростуше.

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
