Радовиш
Свечено отварање на нов концепт MAKOM Cash&Carry на 10.10.2020

Published
4 months agoon
By
Media Press
Во сабота на 10.10.2020 по повод 30 годишното работење тимот на MAKOM со задоволство Ве поканува на отварањето на нивниот нов концепт MAKOM Cash&Carry.
Објектот е лоциран во индустриската зона на излезот од Радовиш према Струмица и располага со простор 600 метри квадратни.
МАКОМ, 30 години ваш верен комшија
Поврзани содржини
Премиерот Заев и министерот Филипче на отворањето на новиот производствен капацитет на медицинскиот канабис НЈСК Холдинг
Не се очекува отварање на аеродромите во земјата пред 15 Јуни
Филипче: Се уште е рано да се отворат границите
Угостителите отвораат наредната недела, најверојатно во вторник, најави Филипче
Радовиш
(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Published
6 hours agoon
January 19, 2021By
Media Press
Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вода и скокање по него, за големиот празник Богојавление. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови.

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во присуство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови. Претходно во црковниот храм беше одржана света божествена литургија.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Радовиш
Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Published
1 day agoon
January 18, 2021By
Media Press
Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.
„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата, создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.
Радовиш
Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Published
1 day agoon
January 18, 2021By
Media Press
Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена водата во сите православни храмови односно денеска е Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.

Верниците кои што присуствува на утринската божествена литургија и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
