Connect with us

Македонија

539 тестирања, а регистрирани 83 нови случаи. Струмица и Радовиш повторно се на листата, а расте бројот и во Валандово

Media Press

Published

on

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава изнесува 2 626, а на хоспитализзирани пациенти  366. Вкупно дијагностицирани се 18 873, а бројката на оздравени пациенти е 15 487, покажуават податоците што ги објави попладнево Министерството за здравство.

Според извештајот на Министерството, во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, и тоа во Скопје – 34, Куманово – 3, Штип – 6, Тетово – 5, Струга – 3, Велес – 3, Охрид – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 5, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 9, Берово – 1, Валандово – 5, Виница – 1, Делчево – 4.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 146 оздравени пациенти, и тоа од Скопје – 52, Куманово – 14, Штип – 7,  Прилеп – 5, Тетово – 4, Струга – 2, Велес – 3, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 6, Гостивар – 7, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 3, Радовиш – 2, Кочани – 12, Македонски Брод – 1, Виница – 1,  Делчево – 4, Свети Николе – 5, Кичево – 4.

Во болнички услови починати се четири лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7420, активни 945

• Куманово 1802, активни 170

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1286, активни 61

• Прилеп 722, активни 142

• Тетово 1492, активни 161

• Струга 688, активни 44

• Велес 341, активни 32

• Битола 331, активни 73

• Охрид 438, активни 32

• Кавадарци 252, активни 41

• Гостивар 947, активни 77

• Гевгелија 140, активни 45 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 303, активни 179

• Крива Паланка 125, активни 36

• Радовиш 102, активни 36

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 426, активни 180

• Пробиштип 117, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 4

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 127, активни 49

• Валандово 51, активни 36

• Виница 125, активни 35

• Делчево 173, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 373, активни 54

• Кичево 334, активни 31

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамки на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 82. На кислородна поддршка се 40, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  1 дете и 1 мајка позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading

Македонија

Нафтените деривати се намалуваат за два денари

Media Press

Published

on

Од вечерва цените на нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Регулаторна комисија донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со престанувањето на важност на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Од вечерва ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва ќе изнесува 61,00 денар за литат, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 63,00 денари за литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 13,00 денари за литар и ќе се продава по 41,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се променува и останува 30,823 денари за килограм

Continue Reading

Македонија

Во Македонија нема мутација на коронавирус покажуваат анализите

Media Press

Published

on

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус, но тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. „И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, рече Филипче.

Инаку од вчера угостителите се вратија на работното време до 21 часот, од која одлука не се целосно задоволни, бидејќи тие бараа да работат до 23 часот.

Continue Reading