Connect with us

Македонија

Промотивен настан на кампањата „Наставниците се важни – Учиме од вас. Ви благодариме!“, по повод Светскиот ден на наставникот

Avatar

Published

на

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани и со наставничката Александра Блажевска од ОУ „Јан Амос Коменски“, како претставничка на наставниците, учествуваа на промотивниот настан на кампањата „Наставниците се важни – Учиме од вас. Ви благодариме!“, по повод Светскиот ден на наставникот кој се одбележува денеска.

Настанот беше отворен со инсталација со „училишни ранци“ за да им оддадат признание и да им покажат благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

Инсталацијата е поставена неколку дена по почетокот на учебната 2020/2021 година. Преку неа се оддава признание за придонесот што наставниците го даваат за учењето од далечина и за повторното отворање на училиштата, но нејзината главна цел е и да се уважи пресудната улога на наставниците во општеството.

„Најискрено и од сѐ срце им се придружувам на пораките што учениците од нашата земја ги креираа и ги испраќаат до нивните наставници преку инсталацијата од училишни ранци, во форма на срце. Се придружувам на пораките на благодарност на учениците до наставниците за нивната искрена и топла посветеност, за нивната страст и креативност да им ги пренесат на учениците знаењата и вештините, и за нивните совети и примери во изградбата на генерации и генерации ученици кои стануваат важни учесници во процесите за создавање на подобро општество за сите нас. Оваа школска година е различна од сите претходн“, рече премиерот Заев и додаде дека заради пандемијата од ковид-19 оваа година образовниот процес во училиштата ќе се спроведува заедно со мерките за заштита на здравјето на децата и на наставниците.

Поголем дел од наставните програми за повеќе генерации ќе се организираат онлајн.

„Министерството за образование и наука, и сите одговорни во Владата, се во секојдневен контакт со наставници, директори, ученици, родители, со цел, заедно да ја направиме новата образовна интернет платформа попријателска. Да ги вклучи сите деца со еднаков пристап. Она што ни дава надеж е неверојатната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам, чувство на општествена одговорност и покажаниот интерес за учество обуките, со желба да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат. Да направат сѐ што треба за да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците. За таа своја посветеност, тие навистина ја заслужуваат нашата целосна почит“ рече Заев.

Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека секој од нас има наставник или наставничка коишто биле инспирација и мотивација да го научиме невозможното. Затоа да им оддадеме признание и почит со огромно благодарам.

„Како Влада имаме обврска и долг да создаваме услови за подобро образование. Но, само со вас и вашата грижа за децата ние ќе бидеме чекор поблиску до остварување на оваа цел. Вие, деновиве потврдивте дека сме на тој пат. Светот денес го одбележува 5 Октомври под едно мото: Наставници – водачи во кризата и ресоздавачи на иднината. Јас навистина верувам во вашата моќ и сигурна сум дека тоа ќе биде нашата стварност. Вие сте наша национална сила и гордост!”, рече Царовска.

Инсталацијата „училишен ранец“ ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците. Иницијативата е дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!“ којашто Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година.

Целта на кампањата е да се подигне свеста за важната улога на наставниците во обезбедување квалитетно образование и подобрување на образовниот успех на учениците; да се уважат наставниците што ги мотивираат учениците и да се изгради поддршка за реформите осмислени во прилог на професионалниот развој, компетентноста и мотивацијата на наставниците како и да се уважи позитивното влијание што го имаат наставниците врз оние што се деца денес и врз нас возрасните кога сме биле деца.

Македонија

Вработените од Национални шуми денеска на протести

Avatar

Published

на

Триесет подружници денеска се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“, со цел да го изразат незадоволството, бидејќи втор месец немаат добиено плата, ниту теренски додаток.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, оти се гневни и на менаџментот и директорот и на нивните раководители и сите претставници од власта кои земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе, а синоќа во Велес

Avatar

Published

на

Заблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години”, подвлече Пендаровски.

Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите. 

„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател” затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши”, подвлече Пендаровски.

Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.

„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав” одговори Пендаровски.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО. 

„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО”, одговори Пендаровски.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Ставот на Ванковска, за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan

Avatar

Published

на

„Иницијативата на Бујар Османи е удар на секој обид за функционално помирување и поврзување на земјите од регионот, кои уште не ги залечиле раните. Тој постапува како (голем) Албанец и ги покажува своите антисрпски сентименти заради кои ги жртвува дури и интересите на Македонија. Очигледно, во него нема штоф ниту за прв дипломат, а уште помалку за државник“ – ова е ставот на професорката Ванковска за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan.

Денеска професрката Ванковска нема да има народни собири заради академски обврски на универзитетот. Со теренски активности продолжува во четврток во градот на Рацин, Велес.

Прочитај повеќе