Connect with us

Македонија

Од утре започнува новата учебна година

Media Press

Published

on

Од утре официјално стартува новата учебна година 2020/21, 600 училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство, за останатите достапно учење на далечина, истакна на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа потенцираше дека оваа година ќе биде многу поразлична поради пандемијата со корона вирусот и изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт на учебната година и очекува соработката да продолжи и во периодот што следи.

Осврнувајќи се на Националната платформа, министерката рече дека часовите ќе се одвиваат онлајн онака како што е планирано.

„Со задоволство можам да кажам дека ја завршивме успешно обуката на наставниците за користење на платформата. 1.600 наставници ги поминаа обуките од мастер тренерите и станаа училишни обучувачи. Тие понатаму ги обучуваа наставниците во сите училишта во државата. Најважно е што во секое училиште имаме училишни обучувачи кои вештините за работење на платформата ги пренесуваат на нивните колеги и ќе бидат нивна поддршка“, нагласи Царовска.

Таа додаде дека колегите од ФИНКИ ќе бидат на располагање за наставниците, родителите и учениците во текот на целата учебна година.

А денеска пак во Моноспитово родителите на учениците од ООУ Борис Трајковски протестираа за физичко присуство на настава.  Инаку учебната година која традиционално започнува на 01 септември годинава за прв пат, поради пандемијата со Ковид -19  која ја зафати и нашата држава, започнува на 1 октомври.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Ординацијата во домот д-р Асани била нерегистрирана, ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност

Media Press

Published

on

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница,д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај.

ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува.

При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. 

Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани . Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи и сузбивање на истите.

Continue Reading

Македонија

Македонија преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини

Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема сомеж во квалитетот на кинеските вакцини, кои веќе беа најавени од премиерот како една од опциите.Станува збор за кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.

„Остануваме посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата Фајзер. Но, факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа. Во моментов ја разгледуваме и можноста за набавка на вакцини од Кина и чекаме детали во однос на цената и испораката. До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели Филипче.

Continue Reading

Македонија

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците

Media Press

Published

on

Стартот на второто полугодие и полагањето на матурските испити беше тема на разговор на  Министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта на онлајн состанокот што се одржа вчера.

На состанокот е донесен заклучок дека, Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Според податоците на училиштата полагање на матура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година.

Матурата, којашто е право на избор и на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да полагаат. На состанокот беше посочено дека уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети.

„Државниот испитен центар, МОН и средношколците заеднички ќе работат на целосно нова концепција за полагање на државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.
Средното образование е задолжително, државната матура е избор и е потребна на учениците коишто планираат да го продолжат образованието на факултетите. Во концептот за матура предвидена е и училишна матура, која е избор на учениците што нема да полагаат државна матура. Таа опфаќа избор само на два предмета (задолжителен и изборен) и проектна задача. Исто така, матурантите од средните стручни училишта имаат можност да изберат и завршен испит, со истиот концепт од два предмета, задолжителен и изборен и проектна задача“, соопштуваат од МОН.

Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставниот комбиниран модел, затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици, но во интерес на заштитата на јавното здравје.

Continue Reading