Регион
Во 10-те општини од Југоисточниот регион ќе се изврши четврто прскање против комарци

Published
7 месеци agoна
By
Media Press
“Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:
1. На 30 септември (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево и Струмица и
2. На 01октомври (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци“ стои во изветсувањето од општините.
Од таму ги предупредуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Поврзани содржини
Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
Третото прскање против комарци кое беше одложено, конечно ќе се реализира
Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион
Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион
„Ларвицидно третирање“ против комарци, во Општина Радовиш
Ќе се прска против комарци во цел Југоисточен регион
Радовиш
15 радовишани биле казнети за неносење заштитна маска во текот на изминатото деноноќие

Published
2 дена agoна
април 21, 2021By
Media Press
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.04/21.04.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 32 лица не ја почитувалe, од кои 15 во Радовиш, 11 во Гевгелија, 4 во Струмица и 2 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. Во истиот период две лица(по едно во Гевгелија и Струмица ) не ја почитувале забраната за движење, соопштува СВР Струмица.
Регион
Бројот на нови случаи со Ковид – 19 во Југоистокот сеуште висок

Published
2 дена agoна
април 21, 2021By
Media Press
Бројот на нови случаи со Ковид-19 во Југоисточниот регион како и во државата сеуште висок. Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во земјата. Од нив 59 во Југоистокот.
-Струмица 33, -Гевгелија 13, -Радовиш 10 и Валандово 3.
Пријавени се вкупно 31 починато лице од кои три од регионот: 2 лица од Гевгелија (68г и 73г) и едно лице од Струмица (59г).
Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти на ниво на држава, од нив 98 во општините од регионот:
-Струмица 48, -Гевгелија 30, -Радовиш 8, -Дојран 6, – Богданци 4 и Валандово 2.
Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.
Според министерот за здравство Венко Филипче бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19, но сеуште нема простор за опуштање и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките.
„Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати“, објави на својот фејсбук профил министерот Филипче.
Болничките капаците во Струмица и Гевгелија суште остануваат исполнети.
Регион
Во акциска контрола на СВР Струмица стотина возачи заработиле казна

Published
4 дена agoна
април 19, 2021By
Media Press
И покрај предвидените санкции за непочитување на сообраќајните правила, возачите учесници во сообраќајот сеуште прават прекршоци и заработуваат казни. Иако полицијата се почесто најавува дека ќе спроведе или се спроведени акциски контроли за ставање ред во сообраќајот, грешките се повторуваат. Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден 18 април, во времето од 11.00 до 19.00 часот повторно спроведе засилени контроли во областа на сообракајот во неколку општини во регионот.
Притоа биле констатирани 101 прекршок, од кои 85 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
