Connect with us

Земјоделие

Утврдени мерките за откупот на грозјето, субвенционирање во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби

Media Press

Published

on

Владата на одржаната 5-та седница ја разгледа и усвои „Информација за состојба на откупот на грозје од реколта 2020 година со предлог мерки“, со која го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да подготви мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Поддршката ќе биде наменета за откупено винско грозје до 18 шеќерни единици со минимална цена од 7 денари по килограм.

Намената на оваа мерка е за интервентен откуп на грозје кое ќе биде преработено во производи од винско грозје, а корисници на оваа мерка се винарските визби кои се регистрирани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, да е задолжен да подготви и дополнителна мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје, а корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предвидениот рок за исплата е до крајот на 2020 година.

Во врска со оваа точка од дневниот ред на денешната седница на Владата, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение да подготви мерка во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје и се корисници на подмерката 1.10, како директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања. Предвиден рок за аплицирање за мерката е да биде до крајот на 2020 година, а исплатата на оваа мерка ќе биде во 2021 година според рокот за исплати во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година. Мерката е наменета за сортите на винско грозје и тоа: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кавадарка.

Земјоделие

Министерот Хоџа: Протестите на тутунарите ќе бидат прекинати до петок, закажана е заедничка средба со откупувачите!

Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска во Прилеп  остварија средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунските здруженија.

На средбата отворено беа искажани проблемите и незадоволството кај тутунопроизводителите од висината на откупната цена на тутунот од годинешната реколта. Иницијативниот одбор  своите барања му ги предаде на министерот Хоџа при што е постигнат договор за прекин на протестите и утврден е заеднички состанок  во петок на кој ќе присуствуваат и откупувачите на тутун.

„Им се заблагодарувам на претсавниците на Иницијативниот одбор за одлуката да ги прекинат протестите до петок, кога ќе биде и средбата.  Ако се постигне договор во петок, откупот ќе продолжи онака како што треба. Доколку нема договор, министерството ќе постапува врз основа на ингеренциите со цел да се заокружи успешно оваа година, без разлика на почетните проблеми“ изјави Хоџа.

Министерот Хоџа упати искрена заложба дека се што е во негова моќ и се што е во рамките на надлежностите на МЗШВ, ќе биде спроведено во насока на изнаоѓање на  решение.

Договорената количина за откуп на тутун на ниво на цела држава изнесува 23 милиони килограми. До овој момент, откупени се само 300.000 килограми, односно околу 1.5% што претставува значително многу мала количина.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата на терен, се до завршувањето на откупот на целокупната количина од годинешната реколта, велат од Министерството. 

Continue Reading

Земјоделие

Бабовски : Исплатени се 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Media Press

Published

on

Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да креираат мерки и програми кои овозможуваат рамномерен регионален развој и домашно земјоделско производство кое во оваа време на пандемија е од огромно значење. Земјоделството е наша шанса за успех и обезбедување на храна за домашните и странски пазари.

„Преку ваквите инвестиции овозможуваме рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живот и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја во целата држава. Но, не само за рурален развој, и подобрување на живот во руралните средини Владата и Агенцијата, водат сметка воошто за земјоделството.

Во таа насока, сакам да ве информирам дека денеска, се исплатени субвенциите за овошни и градинсрски култури, предадени во преработувачки капацитети. На сметките на 3.647 земјоделци, исплативме 229.5 милиони денари. Средства кој се свеж капитал во агро – секторот и кој ќе помогнат за зголемување на производството и површините.“ – истакна Бабовски по разговорот со градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, и членови на Советот на општина Кавадарци

Continue Reading

Земјоделие

Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје

Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи овој многу значаен сектор, лозарството, информираат од МЗШВ.

Една од мерките е дополнителната мерка од 2 денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја изготви и истата е веќе излезена во Службен весник на РСМ.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката за оддржување на лозов насад од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Македонија.

Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид Програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година, велат од ресорното министерство.

Continue Reading