Connect with us

Македонија

Пендаровски: Состојбата во земјата и регионот е стабилна, дискусија за безбедносните импликации поврзани со воведување на 5Г технологијата кај нас

Виолета | Media Press

Published

on

Вчера беше одржа 8-та седница на Советот за безбедност во кабинетото на претседателот на државата Стево Пендаровски.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот,  претседателот на Собранието и претседателот на Владата, беа присутни министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи и членовите на СБ, професорите Трајан Гоцевски, Ветон Љатифи и Ненад Марковиќ. А на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На седницата на Советот беше разговарано за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.

„Главна точка на дневниот ред, не и единствена, на 8-та седница на Советот беше политичко-безбедносната состојба и во земјава и во регионот. Ова истовремено беше и прва седница на Советот за безбедност на која се дискутираше на оваа тема откако станавме членка на НАТО во март оваа година.

Претставниците од надлежните служби и министерства реферираа за внатрешната безбедносна динамика и нашето опкружување. Советот заклучи дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би можел да биде загрозен нашиот територијален интегритет и суверенитет. Надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбедносен проблем, вклучувајќи тука и евентуален нов бран на бегалска, односно мигрантска криза.

Сепак, најголемата криза со која сме и денес соочени е пандемијата на КОВИД-19, се разбира не само кај нас, туку и во светот, значи на глобално ниво. Пандемијата продира во сите сектори, здравствен, економски, социјален, се разбира безбедносен. За првпат во земјава имавме во изминатиот период прогласена вонредна состојба, а претставниците и на полицијата и на Армијата имаа дополнителен и сосема поинаков ангажман и задачи и во најголем дел работеа во поддршка на цивилните структури во справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

Пандемијата останува најважниот предизвик за нашето општество и во следните месеци, со влијание и врз економијата и врз здравството, но не очекуваме, според денес направените и презентирани проценки, дека ќе има развој кој би влијаел на општата безбедност во земјата.

Безбедносните служби, се разбира, ќе продолжат да ги следат и понатаму и анализираат трендовите и во земјата и во регионот – она што може да има влијание и врз нас, сите безбедносните закани и потенцијални ризици за националната безбедност и за тоа ќе продолжат да го информираат државниот врв и Советот за безбедност. Во оваа смисла е важно да се одбележи дека и нововоспоставениот Совет за координација на службите е функционален, има своја редовна динамика на средби и активности.

Втора точка на дневниот ред за која дискутиравме беше врзана со безбедносните импликации поврзани со воведување на 5Г технологијата кај нас. Сега како членка на НАТО сме обврзани стриктно да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата, и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата, на луѓето кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии и корпорации како нивни носители кои имаат цели и вредности кои се некомпатибилни со целите и вредностите на западната Алијанса. Во тоа смисла беше заклучено дека во овој домен, Владата и другите надлежни институции треба доследно да ги применуваат правилата и препораките на организацијата каде што сме веќе членка, се разбира, со сите права,обврски и одговорности кои од тоа произлегуваат.

Сосема конкретно во однос на втората точка да ви пренесам дека беше заклучено министерството за надворешни работи да започне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен според содржината, според формата со она што веќе беше потпишано од некои држави во нашето опкружување и подалеку во Европа – членки на Алијансата, со кој ќе се наведат прецизно нашите обврски во однос на сопственичката структура на компаниите, евентуалната државна поддршка која тие ја имаат – колку тие се од овој аспект компатибилни со работите кои ги спомнав предмалку, бидејќи се разбира дека мора да ги следиме препораките на организацијата каде што сакавме да влеземе толку долго и конечно тоа го успеавме на 27 март оваа година“, рече Пендаровски во своето обраќање.

Економија

Рестораните и кафе баровите од денеска ќе работат до 23 часот

Виолета | Media Press

Published

on

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите од денеска стапуваат на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Овие предлози Владата ги прифати од Комисијата за заразни болести со цел заштита на јавното здравје и намалување на бројот на заболени од Ковид-19

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Исто така на владината седица бил утврден и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на РС Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.

Continue Reading

Македонија

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници

Александар | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2020 за долгови доспеани до 30.06.2020 и неплатени до 30.09.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  • повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност;
  • повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2020 изнесува 9.693.161.515 денари, повеќе за 306.409.223 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.670.177.454 денари (повеќе за 336.647.542 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 22.984.061 денари (помалку за 30.238.319 денари од претходната листа).

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Целата листа можете да ја проверите на веб страната на Управата за Јавни Приходи

Continue Reading

Македонија

Филипче: Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страница напиша дека мерките за заштита од Kовид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат.

Тој додава дека бара од пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави.Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата.“ – напиша тој на фејсбук

Continue Reading