Connect with us

Македонија

[Левица]: Поднесени осум тужби против Собранието на РМ

Avatar

Published

на

Политичката партија Левица со Соопштение до јавноста за поднесените тужби пред Управен суд за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на осум пратеници во кое се вели:

„Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

Тужбите, со кои се бара поништување на овие спорни поединечни управни акти и враќање одново на процедурата за верификација, се поднесени врз освнова на чл. 3, ст. 1, ал. 4–5, а во врска со чл. 4, ст. 1, ал. 1 од Законот за управните спорови (2019), а како причина за утужувањето се наведени и документирани апсолутно суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката – т.е. бидејќи во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието.

Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па после првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација“, стои во Соопштението од Левица.

Избори 2024

Ванковска од Кавадарци: Подобра сум од противкандидатите затоа што сум единствена со програма, реформаторска и радикална

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на #Левица – Билјана Ванковска, вечерва ја продолжи својата предизборна кампања во Кавадарци и ја промовираше својата предизборна програма во Кавадарци, на народен митинг. Заедно со претседателот на #Левица – Димитар Апасиев и носителот во ИЕ 4 – Саше Јанчев, се обратија пред Кавадарчани и испратија моќни пораки.

„Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Тоа е исто како да ви кажат, „ама вас нема да ве боли, ќе ги боли вашите деца“. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација. Сето ова што тие го нудат е сосема различно од мојата програма. Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци.

Јас ви ветувам дека 24 ќе го дочекам достоинствено, спокојно, мирно. Јас имам идеја, идеологија, меѓутоа битката ќе биде долга. А, дека ќе победиме, секако ќе победиме. Гледам дека „баукот“ на Левица се уште ги плаши луѓето иако интимно ја сакаат. Ние чекориме незапирливо. Црбвениот бран, цунамито, надоаѓа и нека му ја мислат. Ќе победиме”, порача Ванковска во својот говор.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев се осврна на, како што рече, она што ни го продаваат како европски вредности. Кажа дека оваа Европа, ваква каква што е, нема никакви вредности. Истакна дека западните општества кои се декларираат како најдемократски, во моментов се општества на бездомници, општества со најголем број затвори и затвореници, општества со луѓе кои немаат здравствена заштита.

„Ова ли се тие општества кон кои ние стремиме? Ова ли се тие вредности? Само оној кој не гледа подалеку од носот, нема алтернатива”, истакна Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитриевски од Прилеп: Нема да дозволам македонците да бидат граѓани од втор ред во својата држава

Avatar

Published

на

Од Прилеп ја испраќаме пораката за обединување! На Македонија и е потребна нова опција која ќе ги обедини сите граѓани и ќе работи исклучиво за граѓаните – таа опција е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, ова го истакна кандидатот за претседател Максим Димитриевски пред прилепчани.

-Затоа на следните избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО-ДПМНЕ нема да победи, а Македонија ќе добие претседател што го обединува народот додаде Димитриевски.  

Тој притоа во својот говор меѓудругото рече: Нема да дозволам македонците да бидат граѓани од втор ред во својата држава, несакам да плаќам данок за Груби и Ахмети да играат фудбал во канцеларии финасирани од наши пари.

Носителот на кандидатска листа во ИЕ 4 Миле Цеков, кој во чекор го следи кандидатот за претседател Максим Димитриевски,  вели дека движејќи се насекаде низ Македонија овие денови, гледаат само црнила, граѓаните се се посиромашни и понесреќни.

„Драги пријатели после 30 години имате нова опција, Движењето ЗНАМ -За наша Македонија и Максим Димитриевски за претседател“ истакна Цеков во Прилеп.

 Тој додаде дека Македонија треба да биде самоодржлива земја и нулта толеранција за корупција, Македонија да биде мултиетничка држава но македонецот на прво место.

Претходно Движењето ЗНАМ го посетија и Демир Хисар и Кривогаштани.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: До ѕидот на срамот сме доведени

Avatar

Published

на

Кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во обраќањето на митингот во Општина Карпош ги претстави насоките по кои ќе се раководи во извршувањето на функцијата доколку ја добие довербата од граѓаните. 

„Морам да ги охрабрам жените да се занимаваат со политика. Политиката е во женски род. Дури маж и жена прават човек, не смее Македонија да се откажува од 50 проценти ум, знаење, креација, посветеност како што сме посветени секаде, сигурно ќе бидеме посветени и во негувањето на Македонија, а таа ќе биде горда на нас и на вас сите“, рече Гордана Силајновска Давкова.

Таа рече дека за неа еден од најважните приоритети е доброто образование и оти нема подобра инвестиција од тоа.

„Мое решение – во претседателскиот кабинет и околу мене ќе формирам совет за млади. Доста со тезите дека на младите им припаѓа иднината. Младите мора и сегашноста да ја земат во своите раце. Една умна влада, а се надевам дека таква ќе биде бидејќи нема веќе избор – до ѕидот на срамот сме доведени зошто дијагнозата за нас како што гледате на Фридом хаус е што – цикличен хибриден режим, вртење во круг. На тоа мора да се стави крај и мораме да исчекориме“, рече Силјановска Давкова.

Прочитај повеќе