Македонија
Одобрени согласностите за организирање настава со физичко присуство во училиштата, по барања поднесени од 2 до 14 септември

Published
4 months agoon
By
Media Press
Владата на на својата 5-та седница, одржана на
22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување
на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на
настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020
година.
Владата го прифати предлогот на Комисијата
согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6
државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно
училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15
централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.
Извештајот констатира дека не ги исполниле
условите 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта
и 2 приватни училишта.
Според извештајот, за организирање настава со
физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои
Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта
за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско
средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и
практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и
1 државно училиште – Спортска академија).
Согласност за организирање настава со физичко
присуство на учениците од четврто и петто одделение добија
следните училишта од општините од Југоистокот:
Во Општина Валандово согласност за организирање
настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во
различни смени со учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ
с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и Грчиште добија
согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто
и петто одделение.
Општина Василево доби согласност за ПУ с.
Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто
и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с.
Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и
петто одделение, и за реализација на настава во две смени со учениците од прво
до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за
организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто
одделение, додека за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање
настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со
укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто
одделение.
Во Општина Конче согласност добија ПУ
с.Габревци, ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ с.Горни Липовиќ, и ПУ с.Дедино
за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто
одделение.
Општина Богданци доби согласност за ПУ с.Ѓавото
и ПУ с.Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од
четврто и петто одделение.
Во Општина Гевгелија ООУ „Климент Охридски“ во
с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и
петто одделение, како и ПУ с.Давидово, ПУ с.Богородица, ПУ с.Мрзенци и во ПУ
с.Прдејци, додека во ПУ с.Милетково, во ПУ с.Моин и во ПУ с.Смоквица настава со
физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.
Поврзани содржини
Влада: Ја зголемуваме транспарентноста на институциите и општините
Изречени се повеќе глоби и забрани на активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот
Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво
Ниту една од десетте општини од Југоисточниот регион не е високо транспарентна според податоците од истражувањето на Здружението „Еко Правда“
Општините бараат дел од данокот од казината, што го плаќаат на државата
Општините од Југоисточниот плански регион потпишаа договор за соработка со Министерството за локална самоуправа.
Македонија
Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Published
4 hours agoon
January 19, 2021By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска во однос на пензискиот систем посочи дека суштината на реформата е обезбедување на негова стабилност, навремена исплата на пензиите и нивни раст.
„Со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето по Закон, што значи зголемување на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно,на годишно ниво тоа е е околу 2200 денари. Вакво усогласување со трошоците за живот пензионерите ќе добиваат два пати во годината и дополнително со растот на бруто домашниот производ, како трет механизам“, истакна министерката Шахпаска.
„Со законското усогласување пензионерите добиваат плус 185 денари месечно, на годишно ниво е околу 2200 денари, што е многу повеќе од линеарното претходно“, додава Шахпаска.
Во однос на прашањето за докуп на стаж министерката истакна дека тоа е дел од владината програма и останува да биде реализирано до крајот на мандатот на оваа Влада.
За законското решение недела да биде неработен ден министерката Шахпаска истакна подготвената драфт верзија е разгледана и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.
„Суштината на законското решение недела неработен ден е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор, да бидат со своите семејства, но мора да се предвидат и исклучоци, кои ќе значат непречено функционирање на општеството. При анализите и споредбите со другите европски земји, заклучивме дека треба да се има предвид за која земја се работи и нејзиниот економскиот потенцијал,“ истакна Шахпаска.
Македонија
Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

Published
4 hours agoon
January 19, 2021By
Media Press
Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот на Република Македонија правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.
„Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.
Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.
Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика .
Македонија
Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Published
7 hours agoon
January 19, 2021By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.
„Почитуван г.г. Стефан,
Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.
Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.
Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.

Пензионерите ќе добијат покачување со јануарската пензија, усогласување со трошоците за живот

Новиот закон остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
