Валандово
Се откажува традиционалната „Валандовска ракијада“

Published
4 months agoon
By
Media Press
Поради состојбата со пандемијата од Covid-19, се откажува овогодинешната “Валандовска ракијада”, која традиционално се организира секоја година во општина Валандово.
„Валандовската ракијада е исклучително важен настан за општина Валандово. Преку истиот, се промовираат дел од културолошките посебности на валандовчани и се истакнуваат автентичните вредности пренесувани со генерации наназад. Се надеваме на подобри времиња и продолжување на традицијата, од наредната година“ велат од општината.
Валандово
Започнува со работа мобилен тим за помош на ранливи категории граѓани во Општина Валандово

Published
2 months agoon
December 1, 2020By
Media Press
Започнува со работа мобилен тим за помош на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост во Општина Валандово.
„Во тимот за помош и поддршка се вклучени медицинско лице, социјален работник и две лица за основни работи. Овој тим ќе биде во секојдневна комуникација со граѓаните кои имаат потреба од помош и истиот ќе пружи основна медицинска помош и ќе врши набавка на прехрамбени продукти, средства за хигиена, лекови и слично“ информира градоначалникот Перо Костадинов.
Станува збор за Проект “Се грижиме” е финансиран од страна на УНДП и Општина Валандово и истиот ќе трае до 31.03.2021 година.
Сите граѓани кои имаат потреба, може да се пријават на: 071/239-849 велат од општината.
Валандово
Општина Валандово ги повикува граѓаните да се вклучат во креирањето на Буџетот за 2021 година

Published
3 months agoon
November 11, 2020By
Media Press
Во тек е подготовка на Буџетот за 2021 година на општина Валандово.
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, општина Вландово подготви анкетен прашалник и ги повика граѓаните да го пополнат истиот со што би се вклучиле во креирањето на Буџетот за наредната година. „Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник“, велат од општината. Во прашалникот граѓаните ќе можат да ги посочат актуелните проблеми, да предложат на што да се даде приоритет се со цел подобри услови за сите граѓани а средствата во Буџетот, правилно да се насочат.

Валандово
Засилени мерки за справување со Ковид – 19 во општина Валандово откако состојбата станува алармантна

Published
4 months agoon
October 7, 2020By
Media Press
Поради лошата епидемиолошка слика во општината, синоќа повторно заседаваше Општинскиот кризен штаб, каде беа донесени следните заклучоци:
Максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Covid – 19 и дословно спроведување на пропишаните протоколи и мерки од страна на надлежните институции;
Мапирање на потенцијални кластери за ширење на коронавирусот во општина Валандово;
Зачестени контроли на МВР и надлежните инспекторати низ општината;
Апел до граѓаните за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи од надлежните институции и крајно одговорен пристап со цел заштита на сопственото и здравјето на останатите;
Редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, приватните претпријатија и јавните институции;
ТППЕ Валандово и ЈП Комунален сервис – Валандово да продолжат со редовна дезинфекција на улиците, тротоарите, парковите и останатите јавни површини во општината; информираат од општината.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
