Connect with us

Валандово

Општина Валандово ја одржа традиционалната манифестација “Валандовска ракијада “

Media Press

Објавено на

Оваа манифестација која вчера одбележа  јубилејни 20 години, го симболизира завршувањето на гроздоберот и претставува можност за презентирање и на другите домашни производи од грозје. На манифестацијата покрај искусните производители на ракија и големиот број гости, беше присутен и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Министерот Димковски посочи дека МЗШВ изминатите две и пол години континуирано работи на развојни мерки за лозарството како стратешка земјоделска гранка, а во делот на производството на ракија потенцираше дека измените на Законот за акцизи кои стапуваат на сила на 1-ви јануари 2020 година, овозможуваат низа поволности за производителите на ракија.

“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде  10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски

При тоа Димковски посочи, дека откупот на грозје е при крај и досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, се откупени близу 93 милиони килограми винско грозје.

Во финална фаза на носење се и измените на Законот за вино, со коишто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарници, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив. Преку мерките од Програмата за директни плаќања 2019, овозможуваме за 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал. Со новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, лозарите ќе имаат порентабилно производство, бидејќи 30 отсто од трошоците за гориво ги покрива државата. На располагање на лозарите се и мерките од ИПАРД 2 програмата овозможуваат кофинансирање на трошоците за изградба или реконструкција на винарници, како и за набавка на опрема, што е важно за модернизација на производството.

Валандово

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово: Кога практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех

Media Press

Published

на

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, е училиште каде практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех — доказ за тоа е одгледувањето печурки буковка.

-Овој резултат не е случаен, туку плод на посветената работа, љубопитноста и истрајноста на учениците, под менторство на наставниот кадар. Овој успех јасно покажува дека практичната настава не е само дополнување, туку двигател на вистинското учење и патоказ кон професионалното усовршување, соопштуваат од училиштето.

Преку реални активности и директна примена на современи, иновативни и одржливи земјоделски практики, учениците стекнуваат применливи вештини, развиваат претприемачки дух и се подготвуваат да одговорат на предизвиците на современиот пазар на труд.

Активноста е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD – Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.

-Ние не зборуваме за иднината — ние ја создаваме! Со секој нов проект, со секоја нова идеја, градиме генерации што размислуваат одржливо, дејствуваат иновативно и ја движат економијата напред, е паролата на училиштето.

Прочитај повеќе

Валандово

Лишено од слобода едно лице од Валандово, физички ја нападнал својата сопруга, а поседувал и огнено оружје и муниција

Media Press

Published

на

На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.

При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Валандово

Лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

Media Press

Published

на

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци, информира СВР Струмица.

Вчера околу 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе