Валандово
Во тек се градежните активности во детската градинка “Калинка” – Валандово
Published
4 години agoна
By
Media PressПри што се реализира проект за реконструкција на нејзиниот централен објект. Со реализација на овој проект, детската градинка ќе добие целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен објект со заштеда на енергија од 70%.
Изведбата на градежните работи се одвива според претходно утврдениот динамички план за изведба и истата е по предвидените стандарди.
Проектот за реконструкција на детската градинка е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција, каде Општина Валандово е носител на проектот, заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ.
Поврзани содржини
480 новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ -Радовиш донација од рудникот Бучим
Општина Валандово го одбележа 6-ти ноември, денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор
При претрес во Валандово: пронајдени марихуана, семки од канабис, пушка…
ДГ „Ацо Караманов“ подготвена ја започна новата воспитна година
Се одржа ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2023, победник е Мишко Крстевски
Два случаи на каснување од куче скитник во валандовско село Марвинци, за еден ден
Валандово
Костадинов: Седниците на Совет на Општина Валандово ги претворивме во бојно поле
Published
4 недели agoна
февруари 29, 2024By
Media PressВербална расправа на 31 седница на Совет на Општина Валандово помеѓу советниците од опозицијата и градоначалникот Перо Костадинов. Во однос на извештајот за реализација на Буџетот, Градоначалникот рече дека е задоволен од реализацијата.
„Седниците на Совет на Општина Валандово ги претворивме во бојно поле“ рече градоначалникот Костадинов по поставени прашање на седницата од страна на советниците од опозицијата, кои прашаа која е опцијата за развој на Валандово и што е реализирано од програмата на градоначалникот во изминатите 6 години.
Советничката Тушевска обвини за нерационално трошење на опшинските пари, пред се за партиски вработувања, а не и за развој на општината, и дека животот во Валандово никогаш не бил полош. Таа праша ма кој начин ќе се задржат младите и колку капацитети се отворени.
Градоначалникот Костадинов рече дека е задоволен од реализиринатот и од тоа на кој начин функционира локалната самоуправа и додаде дека дискусијата е сведена на дневно политички препукувања.
повеќе на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=695045102706438
Валандово
Општина Валандово го одбележа 6-ти ноември, денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор
Published
5 месеци agoна
ноември 7, 2023By
Media Press6-ти Ноември се одбележува како празник на Валандово по повод денот на ослободувањето на општина Валандово од фашистичките окупатори во време на Втората светска војна, 06.11.1944 година.
На овој ден се одржуваат повеќе настани. На свечена седница и настан, градоначалникот и Советот на Општина Валандово доделуваат награди и признанија на поединци, физички или правни лица, организации и други, кои имаат придонесено за општината и населението во изминатиот период. Исто така, граѓани, делегации на општински и државни институции, организации, политички партии и слично, положуваат свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ, кој се наоѓа во паркот „Пеонија“ во центарот на градот.
„Оддаваме почит на борците од НОБ и го славиме нивниот идеал за граѓански слободи и човекови права“, напиша градоначалникот Перо Костадинов на својот фб профил, притоа потенцирајќи го значењето на овој празник за Општина Валандово.
Валандово
При претрес во Валандово: пронајдени марихуана, семки од канабис, пушка…
Published
6 месеци agoна
септември 27, 2023By
Media PressНа 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детектора за метал и семки од растението канабис.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.