Connect with us

Македонија

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние, кој е во заминување,

Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Северна Македонија.

Маричиќ потенцираше дека Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ, но и дека е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Незначителни промени на цените на горивата кои важат од полноќ

Александар | Media Press

Published

on

Малопродажните цене на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со минатонеделната одлука и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 денари за литар, соопштува Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со минатонеделната одлука да се продава по 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184 ден/кг во однос на одлуката од претходната недела и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,938 ден/кг

Continue Reading

Македонија

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

–           Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

–           Во  среда , на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

–           Во четврток , на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

–           Во петок  , на 30.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  28октомври . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од МТСП.

Continue Reading

Македонија

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, пронајдени околу 100 килограми хашиш

Виолета | Media Press

Published

on

 Во текот на вчерашниот ден Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во заедничка акција со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и СВР Охрид  пресече меѓународен транспорт на наркотична дрога – хашиш во количина од околу 100 килограми.

“Имено, околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило – комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Р.Турција. При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е лишен од слобода и приведен во СВР Охрид.

По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција“, информират од МВР.

По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор.  Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена, додаваат од ресорното Министерство.

 

Continue Reading