Connect with us

Македонија

Маричиќ: Методологијата за прочистување на правосудството ќе биде одобрена до крајот на годината

Avatar

Published

на

На настан на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој се одржа по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека очекува Методологијата за прочистување на судството и обвинителството на 28 декември, да биде одобрена од Советот за реформи во правосудството.

Во обраќањето, Маричиќ истакна дека корупцијата секаде во светот директно го загрозува јавното добро и влијае на квалитетот на јавните услуги, а особено последиците се видливи и во квалитетот на правдата во судовите и обвинителствата.

Министерот ги наведе позитивните наоди од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата но потенцираше дека сепак граѓаните очекуваат да покажеме опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да го зголемиме бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучително и со понатамошна конфискација на имот стекнат со криминал.

  • За враќање на јавната доверба во системот на борба против корупција и криминал, многу е важно обвинителството да ги продолжи постапките со ефикасно постапување пред судовите, а судовите да ги завршат постапките со конечни пресуди, особено оние кои ги отвори СЈО и коишто повеќе години се наоѓаат во судските лавиринти, потенцираше Маричиќ.

Маричиќ истакна дека довербата во правосудството може да биде подигната единствено доколку сите нови случаи кои излегле или ќе излезат да бидат процесуирани и така ќе докажеме дека навистина нема недопирливи во нашата земја.

  • Со моето доаѓање во Министерството за правда најавив дека за неколку месеци ќе објавиме методологија според која ќе се филтрира судството и обвинителството. Изработката на оваа методологија можам да кажам дека е во завршна фаза иако пандемијата малку не забави, но процесот е на крај, очекувам до крајот на годината таа да биде усогласена со Судскиот совет и Советот на Јавните обвинители, а исто така на 28 декември оваа година да биде одобрена од Советот за реформи во правосудството.

Маричиќ истакна дека очекува конкретни насоки и временски рамки од Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители како ќе ги прочистат своите редови и која ќе биде улогата на Државната комисија за спречување на корупција.

На крајот на своето обраќање, Маричиќ изрази надеж дека ќе успееме преку механизмите на ЕУ што поскоро да го деблокираме почетокот на преговори за членство.

  • Ве уверувам дека тоа ќе биде значајно гориво, значајна поддршка на нашите институции за подобра работа, поефикасно постапување и повеќе успеси бидејќи навистина е фрустрирачки 16 години да чекаме во чекалната за почеток на преговорите. Спремни сме и заслужуваме да ги започнеме преговорите, потенцираше Маричиќ.

Избори 2024

Стартува изборната кампања за парламентарните избори

Avatar

Published

на

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.

Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.

 Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Во Државната изборна комисија,  вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Седум претставници на  подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.

Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе