И по 10 дена од одложувањето на претходната итна седница на Совет на Општина Радовиш, се уште нема свикано нова седница, иако беше најавено дека ќе се одржи за три дена.
Имајќи предвид дека советниците требаше да ги усвојат Годишните програми за работа на основните и средното училиште во Радовиш пред почетокот на учебната година, беше свикана претходната 45 итна седница на Совет, на која најпрво требаше да се избере нов претседател на Советот на местото на Коле Чаракчиев, кој стана пратеник.
Но најверојатно поради некоординираност на мнозинството околу тоа кој да биде нов претседател на Советот, точката не беше ниту ставена на дневен ред.
По се изгледа сеуште се прават догвори па поради тоа и по
10 дена не е свикана нова седница.
Според градоначалникот Герасим Конзулов досега седницата требало да се одржи, имајќи ја во предвид итноста на точките кои што беа на дневен ред, а се однесуваа на образованието, кое и така трпи последици во овој период поради корона кризата. Со тоа Годишните програми за работа на училиштата, кои што требаше да бидат усвоени до крајот на август, сеуште висат во воздух.
Исто така и понатаму останува без контрола и градежниот сектор во Општина Радовиш. Предлог одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општина Струмица во делот на градежната инспекција, не помина на одржаната седница на Совет која што се одржа пред еден месец. И покрај барањето од страна на градоначалникот Герасим Конзулов дека општината има потреба од градежен инспектор веднаш и во овој период, предлог одлуката не доби подршка од владеачкото мнозинство, поради не гласањето на двајцата Советниците Баже Ужевски и Викица Манолева. Од тие причини Општина Радовиш и понатаму останува без градежен инспектор
Па одтука се поставува и прашањето, колку и дали Советот на Општина Радовиш работи во интерес на граѓаните?