Connect with us

Радовиш

Одложената итна седница на Советот на Општина Радовиш се уште не е свикана, дали итните точки ќе се донесат на крајот на септември?

Виолета | Media Press

Published

on

И по 10 дена од одложувањето на претходната итна седница на Совет на Општина Радовиш, се уште нема свикано нова седница, иако беше најавено дека ќе се одржи за три дена.  

Имајќи предвид дека советниците требаше да ги усвојат Годишните програми за работа на основните и средното училиште во Радовиш пред почетокот на учебната година,  беше свикана претходната 45 итна седница на Совет, на која најпрво требаше да се избере нов претседател на Советот на местото на Коле Чаракчиев, кој стана пратеник.

 Но најверојатно поради некоординираност на мнозинството околу тоа кој да биде нов претседател на Советот, точката не беше ниту ставена на дневен ред.

По се изгледа сеуште се прават догвори па поради тоа и по 10 дена не е свикана нова седница.

Според градоначалникот Герасим Конзулов досега седницата требало да се одржи, имајќи ја во предвид итноста на точките кои што беа на дневен ред, а се однесуваа на образованието, кое и така трпи последици  во овој период поради корона кризата. Со тоа Годишните програми за работа на  училиштата, кои што требаше да бидат усвоени до крајот на август, сеуште висат во воздух.

Исто така и понатаму останува без контрола и градежниот сектор во Општина Радовиш. Предлог одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општина Струмица во делот на градежната инспекција, не помина на одржаната седница на Совет која што се одржа пред еден месец.  И покрај барањето од страна на градоначалникот Герасим Конзулов дека општината има потреба од градежен инспектор веднаш и  во  овој период, предлог одлуката не доби подршка од владеачкото мнозинство, поради не гласањето на двајцата Советниците Баже Ужевски и Викица Манолева. Од тие причини Општина Радовиш и понатаму останува без градежен инспектор

Па одтука се поставува  и прашањето, колку  и дали Советот на Општина Радовиш работи во интерес на граѓаните?

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ги изгласа Предлог одлуките за одобрување на настава со физичко присуство на ученици

Виолета | Media Press

Published

on

По завржувањето на 45 итна седница на која беше избран нов претседател, Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа и 46 – итна седница со единствени точки на дневниот ред донесување на Предлог- одлуки за одобрување на  физичко присутво на настава на ученици во новата учебна година.  Седницата ја водеше новиот претседател  Викица Манолева која го даде на усвојување дневниот ред за кој беа предвидени 7 точки.

Предлог- одлуки за одобрување на настава со физичко присуство на ученици од 4 до 9 одделение во ООУ Никола Карев од Радовиш, Крсте Петков Мисирков од Радовиш,  Коста Рацин од Подареш, Орце Николов од Ињево и Кирил и методиј од Ораовица. Како и предлог одлука за одобрување на настава со физичко присуство на учениците во СОУ Коста Сусинов во Радовиш.

Советникот Бојан Митевски уште еднаш го потенцира значењето на овие предлог одлуки кои биле повод за нивна иницијатива за свикување на седниците. Итноста на овие точки ги потврди и советникот Ристе Спасов од СДСМ и Трајче Ивановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Советниците едногласно ги усвоија сите предлог одлукиза физичко присустви на настава во новата учебна година. Седницата ја следеше и градоначалникот Герасим Козулов.

Continue Reading

Радовиш

Избран нов претседател на Советот на Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Избран новиот претседател на Советот на Општина Радовиш на одржаната итна 45 седница. Викица Манолева од Советничката група на СДСМ и коалицијата е избрана за претседател на Советот, на местото на Коле Чаракчиев кој беше избран за  пратеник во Собранието на одржаните избори.

Седницата ја свика и ја водеше најстариот член во Советот Роска Ѓоргиева, а на барање на  опозицијата, за што подетално образложение даде координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Митевски.

По краткото образложени од страна на советникот Бојан Митевски беше констатиран престанокот на мандатот на претходниот претседаел Коле Чаракчиев, по што беше формирана верефикациона комисија за верификација на мандатот на новиот советник кој дојде на местото на Чаракчиев. Откако комисијата ги прегледа потребните документи беше извршена верефикација на новиот советник.

Во продолжение на седницата  беше формирана кандидациона комисија од 5 члена на предлог од седум советници, до која пристигнаа два предлози за претседател на Советот: Јован Лукаров од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Викица Манолева од СДСМ и коалицијата.

Со десет гласа за, за нов претседател на Советот беше избрана советничката  Викица Манолева од СДСМ и коалицијата која ќе го води Советот во наредната една година. На седницата беше присутен и градоначалникот Герасим Конзулов.

Continue Reading

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading